Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Исландски испит на зрелоста за ракометарите

Лазаров: Историска шанса за пласман на СП, која не смее да се пропушти

Роберт Димитриевски

Оваа генерација македонски ракометари в недела полага „матура“. Возвратниот натпревар од мундијалскиот бараж со Исланд, закажан за 18 ч. во „Лаугардалхол“ во Рејкјавик и во кој Македонија влегува со голема предност по победата од 34:26 во неделата во Скопје, ќе покаже дали избраниците на селекторот Иле Темелковски созреале како личности и како играчи. Светското првенство 2009 во Хрватска им е на дофат, но горчливото искуство во трите досегашни разигрувања со Исланѓаните за пласман на големите натпреварувања предупредува.

Вака капитенот Кирил Лазаров гласно размислуваше во деновите по една од највредните победи во историјата на македонскиот машки ракомет. Тој и уште 16 соиграчи од националниот тим вчера заминаа на островот каде што ќе се обидат да му стават крај на деветгодишниот пост по СП 1999 во Египет.

„Имаме историска шанса што не смееме да ја пропуштиме. Не одиме да браниме осум гола разлика, туку одиме да се надигруваме, да победиме и да се пласираме на СП. Во квалификациите го поминавме фаворитот Португалија, а и сега имаме добар резултат против подобро рангиран противник“, нагласува најдобриот македонски ракометар, кој, како и пред првиот меч, повторно се послужи со процентите. „Не зависи од Исланд, туку од нас. Овде не го дадовме максимумот, туку 80-90 отсто од нашите можности и победивме со осум гола. Ако во Исланд дадеме 70-80 проценти, ќе бидеме сигурни патници на СП“.

Лазаров апелира до колегите од репрезентацијата да не паѓаат на провокации и да бидат подготвени за веројатноста Исланѓаните како домаќини да имаат мала помош од полските судии Мирослав Баум и Марек Горалчик.

„Исланд има публика слична на германската, што значи дека нема да имаме голем притисок од трибините. Досега на реваншите со нив секогаш сме оделе со слаб резултат од дома, но сега е обратно. Тие ќе бидат помотивирани и поагресивни во ваква ситуација, на што треба да одговориме со иста мерка“, вели првиот стрелец во Лигата на шампионите. „Оваа репрезентација не е само Кире Лазаров. Сите можат и треба да одиграат“.

„Тука одигравме добро ’прво полувреме‘, кое таму треба да го потврдиме со агресивна одбрана и со трпелив напад“, кусо порачува Влатко Митков.

Селекторот Темелковски, пак, постојано повикува со студени глави да му се пријде на реваншот.

„Сега сме најблиску до големо натпреварување, но свесни сме дека во Исланд не' очекува уште поголемо искушение. Еуфоријата помина, не сме во облаци и во мирна атмосфера се подготвуваме за успешно да го довршиме тоа што го почнавме во Скопје“, вели популарниот Ико. „Оваа репрезентација има квалитет за да се надигрува во Исланд. Таму не смееме да одиме на зачувување на предноста, бидејќи ова не е фудбал, па да се браниме со исфрлање на топката во публика“.

Исланд ги доби сите четири досегашни средби со Македонија на свој терен. Во баражот за ЕП 2000 беше 32:23, во плејофот за СП 2001 двата меча се одиграа таму поради едногодишната суспензија од ЕХФ на терените во Македонија, при што Исланѓаните славеа со 26:25 и 38:22, а во разигрувањето за СП 2003 беше 33:28, иако на полувреме водевме со 17:15.


Статијата е прочитана 305 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Германецот Скибе нов тренер на Галатасарај
Ристовски и Поповска на ОИ
Србинот Достаниќ нов тренер на Вардар
Грабулоски со скалпот на првиот носител во Скопје
Барзаљи и Закардо во Волфсбург
Магдинчев и Русевски во полуфиналето во Софија
Хрватска ја нокаутира Германија
Сколари на клупата на Челзи
Волшебен пресврт на Бостон во „Стејплс центар“
Пјел нов кормилар на Олимпик Лион
Болоња со американски сопственици
Кубанецот Роблес нов светски рекордер на 110 м со пречки