Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Сколари на клупата на Челзи

Актуелниот вицешампион на Европа и Англија, Челзи, објави дека за нов тренер на тимот е именуван сегашниот селектор на Португалија, Луис Фелипе Сколари (59). Бразилецот на привремена работа во Португалија на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа на местото на Аврам Грант кој доби отказ минатиот месец по поразот на „сините“ од „Стемфрод Бриџ“ во финалето во Лигата на шампиони од Манчестер Јунајтед.

„Фелипе има извонредни квалитети. Тој е еден од најдобрите светски тренери, човек со големи успеси на клупски и репрезентативен план. Знае да извлече максимум од група талентирани играчи. Згора на тоа неговите стандарди одговараат на нашите во клубот“, стои на официјалната интернет страница на Челзи.

Сколари е на кормилото на португалската репрезентација од 2003 година. Претходно беше кормилар на неколку бразилски екипи, а во 2002 година го предводеше Бразил до шампионската титула на мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. Функцијата на „Стемфорд Бриџ“ ќе ја преземе на први јули.


Статијата е прочитана 219 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Германецот Скибе нов тренер на Галатасарај
Ристовски и Поповска на ОИ
Исландски испит на зрелоста за ракометарите
Србинот Достаниќ нов тренер на Вардар
Грабулоски со скалпот на првиот носител во Скопје
Барзаљи и Закардо во Волфсбург
Магдинчев и Русевски во полуфиналето во Софија
Хрватска ја нокаутира Германија
Волшебен пресврт на Бостон во „Стејплс центар“
Пјел нов кормилар на Олимпик Лион
Болоња со американски сопственици
Кубанецот Роблес нов светски рекордер на 110 м со пречки