Болоња со американски сопственици
Повратникот во Серија А и повеќекратен италијански шампион, тимот на Болоња, стана американска сопственост. Компанијата „Таг Партнерс ЛЛЦ“ постигна договор со сегашното раководство на тимот за купување на 100 отсто од акциите за сума од 18 милиони евра. Осумдесет отсто од акциите Американците се обврзаа да ги платат до први јули, а останатите 20 отсто по завршувањето на сезоната 2008/09. Покрај тоа Американците ветија дека ќе вложат најмалку 20 милиони евра во клубот.
Болоња има седум шампионски титули во Италија. Во неодамна завршената сезона го освои второто место во Серија Б и по три години се врати во највисокиот ранг на натпревари во Италија. |