Барзаљи и Закардо во Волфсбург
Германскиот бундеслигаш Волфсбург објави дека ангажира двајца италијански фудбалери, досегашни играчи на Палермо. Станува збор за дефанзивците Андреа Барзаљи и Кристијан Закардо, кои беа дел од националниот тим на Италија пред две години кога „азурите“ стигна до шампионскот трофеј на СП. Во меѓувреме Закардо го загуби репрезентативниот статус, а Барзаљи настапува за Италија на Европското првенство. |