Фишер ќе биде ексхумиран поради утврдување татковство

Адвокатот, кој го претставува девојчето кое тврди дека е ќерка на Боби Фишер, изјави дека судот во Исланд одлучи да го ексхумира телото на шаховската легенда за да се утврди татковството.
Адвокатот истакна дека неговата клиентка, деветгодишната Јинки Јанг, дала крв во декември за да се утврди дали Боби Фишер е нејзин татко.
Јинки живее во Филипини со својата мајка Мерлин Јанг.
Боби Фишер, кој е роден во САД, почина во јануари 2008 година во Исланд, каде што живееше од 2005 година поради тоа што се откажа од американското државјанство. Познатиот шахист не напиша тестамент.
|