Семејството го уби, бидејќи сакал да гледа СП
Несреќен Јужноафриканец е првата домашна човечка жртва на Светското првенство. Човекот беше претепан до смрт од членовите на неговото семејство во моментот кога сакал да го смени ТВ-каналот и да го гледа натпреварот меѓу Германија и Австралија.
Давид Макоеа (61) направи трагична грешка бидејќи семејството, сопругата, ќерката и синот не ја делеа неговата љубов кон фудбалот. Семејството гледаше верска програма кога несреќникот изрази желба и се обиде да го смени каналот да гледа фудбал што резултира со караница и тепачка која заврши со смртни последици.
Полицијата ја уапси 68-годишната сопруга, 36-годишниот син и 23-годишната ќерка која подоцна, сепак, беше пуштена со гаранција со оглед дека најмалку учествувала во трагичниот настан.
Семејството дома имало само еден ТВ-приемник. |