Мексиканецот Ернандез како и неговиот дедо
Напаѓачот на мексиканската фудбалска репрезентација, Хавиер Ернандез (22), го постигна првиот гол во победата над Франција со 2:0, 56 години откако тоа го стори и неговиот дедо, Томас Балказара на Светското првенство во Швајцарија во 1954 година. За разлика од него кој имаше причини за славје, дедо му во 85 минути не успеа да ги спаси Мексиканците од пораз (2:3).
„Се сетив на тој момент во соблекувалната по мечот. Едвај чекам на моментот да разговарам со дедо ми“, вели популарниот „Чакарито“. |