Полицијата со шок-гранати за обезбедувачите
Најмалку десет лица се уапсени, откако полицијата тргна кон демонстрантите во Кејптаун, кои се собраа околу фирмата „Сталион секјурити“ што се занимава со обезбедување на стадионот во тој град. Бранот демонстрации се прошири во цела Јужна Африка поради незадоволството на обезбедувачите од платата што ја добиваат. Нив им беа гарантирани 150 долари дневно, а се исплаќа четирипати помалку. Нешто слично се случи и во Дурбан и во Јоханесбург.
Медиумите во Јужна Африка тврдат дека полицијата беше принудена да реагира за да спречи прераснување на протестите во крвави демонстрации. Притоа силите за безбедност користеа гумени куршуми, но и т.н. шок гранати кои служат за парализирање на спротивната страна. Поради штрајкот на обезбедувачите, за редот на стадионите се грижи полицијата.
|