Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Исчезнаа четворица репрезентативци на С. Кореја

Откако за време на мечот против Бразил, на севернокорејската клупа не се појавија четворица фудбалери, дел од медиумите објавуваат за бегство на севернокорејските репрезентативци. На клупата за резерви ги немаше голманот Ким Мјонг Вон, напаѓачот Ан Чол Хјок и играчите за врска, Ким Кјонг и Пак Сунг Хјок за кои постојат сомнежи дека побегнале од кампот на Северна Кореја по што им се губи секаква трага.

Во таборот на Северна Кореја засега молчат за случајот, ФИФА, пак, порачува дека нема информации за бегство на играчи.

„Водството на Северна Кореја не' извести дека сите играчи се во хотел и никој од нивниот табор не ни пријави ништо“, изјави портпаролот на Светската фудбалска асоцијација, Николас Маингот.

Информациите за исчезнување на четворицата играчи, сепак, беа демантирани неколку часа подоцна.

„Четворицата играчи ги немаше во записникот поради техничка грешка на севернокорејската репрезентација“, изјави Гордон Вотсон од ФИФА.

Според неговите зборови Севернокорејците непотребно ги изоставија фудбалерите на кои не сметаше нивниот селектор за мечот со Бразил. Таквиот потег беше на прагот да донесе скандал, но од тоа очигледно нема ништо бидејќи сите четворица „спорни“ играчи беа на последниот тренинг на репрезентацијата.


#
Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Франција засрамена од своите фудбалери
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
ФИФА контра обложувачката мафија
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Мексиканецот Ернандез како и неговиот дедо
Игуаин, новата машина за голови
Полицијата со шок-гранати за обезбедувачите
Три години затвор за украдени билети
Лејкерси преку Бостон до 16. НБА-титула
Меси
Фишер ќе биде ексхумиран поради утврдување татковство
За Вела заврши СП 2010?
Сендерос ги пропушта Хондурас и Чиле
Семејството го уби, бидејќи сакал да гледа СП
Бенедикт