Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна

Со 17 часа одложување граѓаните на Северна Кореја го гледаа мечот кој нивните репрезентативци го одиграа против Бразил на СП во Јужна Африка. Двобојот од првото коло во групата Г (2:1 победа на Бразил) почна во среда рано наутро (3.30) по севернокорејско време. Националната телевизија го емитираше истиот ден во снимка која почна во 20.30 часот навечер. Целиот ден државјаните на најизолираната светска нација живееја во незнаење, чекајќи ја снимката за да дознаат како минале нивните миленици.

Во телевизискиот прилог на интернетските страни на лондонскиот „Телеграф“ беше прикажана многу пријатна атмосфера во еден ресторан во Пјонгкјанг, во кој семејствата, со чаша пиво и со широки насмевки ја гледаат снимката на телевизија. Голот што го постигна Јун Нам Ји бил прославен многу гласно. Камерата потоа води едно дете на тренинг во фудбалска академија. Нивниот тренер, инаку бивш репрезентативец, ја запозна нацијата со тимот со кои нивната селекција го одигра првиот меч во Јужна Африка.

„За жал, нашите играчи загубија. Но, Бразил е многу силен. Некои луѓе мислат дека Бразилците може да бидат светски прваци. Од нив загубивме само 2:1. Затоа мислам дека нашите момчиња одработија добро. Пред нас има уште натпревари. Да почекаме уште малку и да видиме како ќе биде на крај.


#
Статијата е прочитана 966 пати.

Испрати коментар

Од: Marko polo
Датум: 19.06.2010 10:55:58
Ako trebase nekoj da se bombardira,toa trebase da se napravi vrz Severna Koreja,lugeto tamu ziveat vo kolektiven zatvor i izolacija,izlozena na najgnasni sikaniranja na samite niv i nivnite familii.Gospod neka im e na pomos.Se nadevam deka ke go trgnat ednas zasekogas toj zlotvor od diktator

Најди! во Утрински
Спорт
Франција засрамена од своите фудбалери
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
ФИФА контра обложувачката мафија
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Мексиканецот Ернандез како и неговиот дедо
Игуаин, новата машина за голови
Полицијата со шок-гранати за обезбедувачите
Три години затвор за украдени билети
Лејкерси преку Бостон до 16. НБА-титула
Меси
Фишер ќе биде ексхумиран поради утврдување татковство
За Вела заврши СП 2010?
Сендерос ги пропушта Хондурас и Чиле
Исчезнаа четворица репрезентативци на С. Кореја
Семејството го уби, бидејќи сакал да гледа СП
Бенедикт