Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Лејкерси преку Бостон до 16. НБА-титула

„Езерџиите“ во решавачкиот седми меч од финалната
серија славеа со 83:79

Втор пат едноподруго, а 16. пат во клупската историја Лос Анџелес Лејкерс дојде до тронот. Сега само уште една титула ги дели од рекордните 17 колку што освоиле Селтикси, но во моментов со тоа ретко кој се занимава во таборот на Лејкерси затоа што сезоната е завршена на најубав и единствено посакуван начин.

Коби Брајант е прогласен за најкорисен играч на финалната серија, иако во мајсторката до 23 постигнати коша стигна со само шест погодоци од 24 обида од игра. Ниту останатиот дел од тимот не блескаше шутерски, затоа што домаќинот на седмиот натпревар промаши 21 од своите 27 воведни обиди, а мечот го заврши со 32,5 отсто успешност. Сепак, и тоа беше доволно за конечен триумф.

„Од своите пет титули, оваа е најслатка затоа што во прашање беа Селтикси. Толку го посакував триумфот, а дозволив за малку да ми избега. За среќа, соиграчите одработија сјајна работа“, изјави Брајант.

Рона Артест додаде 20 поени, Пау Гасол покрај 18 скока девет од своите 19 коша ги постигна во последната четвртина, кога Лејкерси направија пресврт и стигнаа до победата.

„Ги дадов тие 20 коша, но мислам дека до триумфот стигнавме како тим. Се боревме заедно, и тоа во еден од најважните мечеви. Толку посакував да бидам дел од ваква приказна и сега сум малку и збунет“, призна Рон Артест кого обично го паметиме по далеку појасните ставови, а по правило по бескомпромисната борба на паркетот.

Заслуги за триумфот секако дека му припаѓаат и на тренерот Фил Џексон, кој го освои 11. прстен во богатата кариера со што се израмни со легендарниот Бил Расел кој како играч меѓу 1957 и 1969 година собра исто толку прстени.

„Знам дека зборуваше дека сака да го освои уште овој прстен и да ја заврши кариерата, но тој не знае дека очајнички сакам да ја продолжиме соработката. Се надевам дека нема да застанеме на ова“, изјави Брајант, а самиот Фил Џексон додаде:

„Прво морам длабоко да воздивнам, да земам малку одмор и за се' добро да размислам. Во овој момент ќе се препуштам на уживање, а одлуката за иднината ќе ја донесеме за една недела“, изјави Џексон кој е на пат да замине од Лос Анџелес поради тоа што сопственикот на клубот Џери Баз сака да му ја намали платата.

Пол Пирс со 18 коша и десет скока беше најдобар во редовите на Келтите, за кои Гарнет додаде 17.

„Да не зборуваме многу за нас. Треба да се пофалат Лејкерси и да им се честита. Одработија сјајна работа. Што се однесува до мојот тим, можам да кажам дека е најзбиена, најемотивна и најлуда група луѓе со кои некогаш сум се дружел. Доигрувањето го одигравме одлично поради одличните односи внатре во клубот. Да, имаше и солзи во соблекувалната. Не видов суво око, момчињата се чувствуваат грозно. Добро е тоа. Покажува колку го посакувавме овој наслов“, изјави тренерот на Бостон Док Риверс.

Инаку, Лос Анџелес Лејкерси стана прв тим во финалето на доигрувањето, кој дефицитот од 3:2 го претвори во победа по Хјустон, кој тоа го направи против Њујорк во 1994 година.


#
Статијата е прочитана 266 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Франција засрамена од своите фудбалери
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски
ФИФА контра обложувачката мафија
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Мексиканецот Ернандез како и неговиот дедо
Игуаин, новата машина за голови
Полицијата со шок-гранати за обезбедувачите
Три години затвор за украдени билети
Меси
Фишер ќе биде ексхумиран поради утврдување татковство
За Вела заврши СП 2010?
Сендерос ги пропушта Хондурас и Чиле
Исчезнаа четворица репрезентативци на С. Кореја
Семејството го уби, бидејќи сакал да гледа СП
Бенедикт