Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Србија ја победи Германија, Стојковиќ му фати пенал на Подолски

Голема победа на Србија над Германија (1:0), прва на мундијалите под тоа име. Но, српските медиуми напишаа и дека трикратниот светски првак Германија за прв пат паѓа по 1973 година.

Победата ја донесе Милан Јовановиќ, кој постигна гол кратко по исклучувањето на Клосе (втор жолт картон) во 37 минута. Тимот на Радомир Антиќ во вториот дел најмногу го подигна голманот Владимир Стојковиќ, кој му фати пенал на трагичарот Лукас Подолски (по играњето со рака на Видиќ) во екот на големата иницијатива на Германија. Тоа беше првиот пенал што во регуларен дел го промашува Германија по 1974 година.

Подолски никогаш нема да го заборави овој меч, а уште подлабоко ќе биде врежан во неговата меморија ако Германија испадне во фазата по групи. Затоа што уште пред да го шутира пеналот промаши две големи шанси, па со право германските новинари го вперија прстот во селекторот Јоаким Лев прашувајќи го зошто психолошки раздрманиот напаѓач на Келн мораше да го изведе ударот од 11 метри.

Инаку, и двата тима влегоа во натпреварот со по пет фудбалери во средниот ред, но очигледно со различни амбиции. Германија имаше в џеб три бода, а Србија нула. Затоа и беше поофанзивна, како што кажавме, до голот на Јовановиќ. Потоа и со 10 играчи речиси во еден час игра Германците го бараа патот до голот, но не го најдоа.

Србија знаеше да се одбрани, а Радомир Антиќ за разлика од мечот со Гана успеа да ја постави играта како што треба и до израз да дојде и средниот ред со Красиќ, Станковиќ и Јовановиќ. Во игра повторно го стави и слабиот Жигиќ, ама сега високиот фудбалер на Валенсија си го направи своето. Со скок со глава му асистираше на Јовановиќ за историскиот гол.

Како и да е, оваа победа ја остава Србија во игра за пласман во вториот круг, по неочекуваниот пораз од Гана во првото коло. Во третото коло од оваа група Србија ќе игра со Австралија, а Германија со Гана.


#
Статијата е прочитана 1149 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 19.06.2010 09:23:03
bravo za nasijot sosed bravo za balkanskijot fudbal.

Најди! во Утрински
Спорт
Франција засрамена од своите фудбалери
Севернокорејците го гледаа мечот со Бразил 17 часа подоцна
ФИФА контра обложувачката мафија
Аргентина, Херкул Поаро и француска салата
Мексиканецот Ернандез како и неговиот дедо
Игуаин, новата машина за голови
Полицијата со шок-гранати за обезбедувачите
Три години затвор за украдени билети
Лејкерси преку Бостон до 16. НБА-титула
Меси
Фишер ќе биде ексхумиран поради утврдување татковство
За Вела заврши СП 2010?
Сендерос ги пропушта Хондурас и Чиле
Исчезнаа четворица репрезентативци на С. Кореја
Семејството го уби, бидејќи сакал да гледа СП
Бенедикт