Сендерос ги пропушта Хондурас и Чиле
Швајцарската фудбалска репрезентација скапо ја плати победата над Шпанија во првото коло во групата Х на Светското првенство во Јужна Африка. Остана без најдобриот дефанзивец, Филип Сендерос, кој поради повреда на глуждот ќе ги пропушти наредните два меча против Хондурас и Чиле.
„За жал, станува збор за незгодна повреда поради што Сендерос ќе мора да паузира десетина дена. Прашање е дали воопшто ќе биде подготвен и за наредниот круг ако се пласираме“, вели портпаролот на швајцарскиот состав, Марко ван Ах.
Сендерос е третиот фудбалер во составот на Отмар Хицфилд кој е надвор од комбинација за настап поради повреда. И напаѓачот Александар Фреј има проблеми со глуждот, а Валон Бехрами чувствува болки во мускулот на десната нога. |