Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Репортажа: Сибиу

Градот каде што покривите имаат очи

Димитар Чулев

Еден дрско симпатичен податок дека според престижниот магазин „Форбс“, романскиот град Сибиу е еден од осумте најпосакувани места каде што би сакале да живеат жителите на ЕУ, станува извесен откако ќе се најдете таму.

Екипа на „Утрински“ минатата недела престојуваше во Романија со цел да фрли една нова претстава на „нова Романија“ по 1.000 дена членство во ЕУ со сите придобивки од членството во клубот, но и со сите предиспозиции што ја однесоа таму.

Лоциран некаде во централна Романија по долината на автохтоната (само романска река) река Олт, оддалечен помалку од 200 километри од Букурешт, градот одненадеж се појавува од никаде со својата деветвековна историја и архитектура, по многу типична за „териториите“, кои во еден временски период беа блиски и под контрола на Австроунгарското Царство. На средината од „никаде“ во средиштето на Трансилванија растел град што пленел: првото што ќе ве остави без здив е веројатно единствениот стил на градење на покривите, каде што прозорците на потпокривите имаат форма на очи.

„Тоа не е средновековна варијанта на нововековниот Орвел во стилот на „Големиот брат те посматра“, вели нашиот домаќин и романски пријател Крињсти Дику. Објаснува, очите на покривите претставуваат симбол дека заедницата води сметка за своите луѓе. Во Сибиу пред девет века и сега може слободно да се чувствувате во која било доба од денот, бидејќи градот води сметка за вас“, вели Кристи.

Очите од покривот гледаат кон градскиот плоштад (но не само таму), средновековна тврдина со девет ѕидини, која доминира над ��на што во вековите подоцна стана предградие. Сибиу, малку познат во Македонија, денес е град со 170.000 жители, културен и индустриски центар во Романија. Колеги од културната редакција на „Утрински“ го препознаа градот, кој во 2007 година заедно со Луксембург го делеше престижниот епитет „град на европската култура“. Минатата недела Сибиу живееше во знакот на подготовките на престижниот Џес-фестивал.

„Овде постојано се случува нешто“, вели симпатичната Даниела, која не послужува кафе на десетина метри од местото каде што се подигнува подиум за џез-елитата што треба да настапува. Ништо невообичаено во градот каде што функционираат дури 2.000 таксисти, кои ги развезуваат гостите што доаѓаат заради културниот туризам токму овде. Во градот се одржуваат Фестивал на документарниот филм и Тетарски фестивал, Сибиу има три активни театри и филхармонија. Еднаш неделно редовно се одржува концерт на оргули во евангелистичката катедрала, а во текот на летните месеци настанот е придружуван со настапи на теолошкиот хор во Ортодоксната катедрала.

Да нема забуни, Романија е земја во која функционираа�� 18 малцинства (претставени во парламентот), дел е од некогашната Австроунгарија, јазикот е франкофонски (латински) во словенско опкружување каде што православната религија е доминантна. Во градот Сибиу вековите успеаја да ги задржат, но и да ги хармонизираат разликите. Само како податок, во историјата на градот почнува некаде во 1141 година со колонизација на оваа територија од германските сакаксони. Папата Селестин Трети прогласи постоење католици од германски происход во градот. Сепак, влијанието на Западното Римско Царство успеа да им одолее на германските и на унгарските влијанија. Дакија, освоена од римскиот император Трајан во 150 година од наша ера, остана верна на латинскиот романскиот јазик.

Во една од ѕидините на стариот град се наоѓа крчмата „Кај златното буре“, стара веројатно исто колку и ѕидините. Совршено мени, совршена послуга над масите над кои паѓа придушена светлина од витражите на прозорците. Дознавам, како што ме информира пријателот Дику, дека едно прозорско стакло има непроценлива вредност. Копија во тој стил на иста површина чини над 2.000 евра.

Крчмата е на раскрсница на три плоштади: оној каде што во 14 век се продавало вино, другиот бил маркет за риба, на третиот се тргувало со сточна храна. Во таа крчма, дознаваме, романскиот војсководец Мирчеа Витезу ја потпишал победата над унгарските дојденци во 1600 година и со тоа почнало обединување на романските земји: Трансилванија, Молдова и романските територии...

Од Сибиу најблизок град по долината на Олт е Брашов, град познат по славната „Biserica negra“ или Црна црква, позната по своите оргули (единствени од тој тип на европскиот континент) со дури 4.000 цевки... Брашов, некогашен индустриски центар и седиште на фабриката на воени воздухопловни ловци, денес е само туристичко предградие на најславниот романски замок „Бран“ изграден на карпа.

Велат, името има словенски корен и значи брана. Од кого и од што - е друга приказна.


#
Статијата е прочитана 1302 пати.

Испрати коментар

Од: Holandija
Датум: 22.05.2010 01:33:06
vo tekstot gp procitav slednoto "..на престижниот Џес-фестивал"! i ne mozam da se nacudam, novinarot koj ja pisuval statijata, pismen e ili nepismen ? ne sum sretnal niti videl do sega Jazz da s episuva so ''C" na kraj na zborot...pa neka e i prevod na Makedonski! ednostavno neoprostivo za eden novinar. i sramota za Utrinski sto dozvoluvaat statii so katastrofalni greski vo pisuvanje da se objavuvaat na internet (i pecateni izdanija)! a za novinarot - nacinot na pisuvanje na kolumnite i statiite e dokaz za novinarskoto obrazovanie, poznavanje i profesionalizam!
Од: Do Holandija
Датум: 22.05.2010 07:19:35
Isto kako sto e neoprostivo: " ...Jazz da s episuva so. . ." Napishano od tvoja strana.
Од: ploko
Датум: 22.05.2010 07:32:55
celiot text e super, odlicno,pozdraf do citatelot Holandija
Од: Ali-Skopje
Датум: 22.05.2010 13:00:32
interesna reportaza i Vi blagodaram Chulev ili potocno Димитар Чулев da ne ne kara holangjanecot koj mozebi budno ja sledi situacijata vo tatkovinata i se sprema za investicii vo nea! :)))))))
Од: Andrej
Датум: 23.05.2010 12:58:29
Се согласувам со читателот Холандија. Авторот треба да ги дава текстовите на лектура пред да ги објави ако самиот не е сигурен во сопственото знаење на јазикот. Во текстот има и нешто вакво „од германски происход“ (???). Од кога сега Утрински се врти кон бугарскиот јазик? Происход е чист бугаризам, никогаш и никаде не се користи во македонскиот јазик. Кај нас се вели потекло, припадност... Колку да знае искусниот новинар.

Најди! во Утрински
Насловна
Горчливиот вкус во Хаг
Зденко
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето
Инсулински маки
На ручек во забранетиот Јасен
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Како да се промени иднината?
Тарчуловски се надева на помала казна
Американци во Охрид
Економската криза го намали бројот на филмов��те
Кариери на ригиден национализам
Рудниците имаат век на траење
Грчки лекции за економијата
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец
Сегашни и некогашни професори на ФЛУ на едно место
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Луксузни апартмани на местото на хотел „Парк“
Брилијантна генерација
Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода