Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Анализа

Грчки лекции за економијата

Дани Родрик

Кризата е уште една манифестација на „политичката трилема на светската економија“

Пакетот поддршка од 140 милијарди долари што го доби, конечно, грчката влада од своите партнери од ЕУ и од ММФ фонд и' овозможува простор за дишење, потребен да ја преземе тешката задача да ги доведе во ред нејзините финансии. Пакетот може или не да ги спречи Шпанија и Португалија да станат несредени на сличен начин или дури да спречи евентуално неплаќање од Грција. Каков и да е исходот, грчкиот дебакл и' зададе срам на ЕУ.

Во суштина, кризата е уште една манифестација на „политичката трилема на светската економија“: економската глобализација, политичката демократија и националната држава се заемно противречни. Може да има најмногу две во исто време. Демократијата е компатибилна со националниот суверенитет само ако ја ограничиме глобализацијата. Ако вршиме притисок за глобализација, а во исто време се држиме до национална држава, мора да ја отфрлиме демократијата. А, ако сакаме демократија со глобализација, мора да ја турнеме националната држава на страна и да тежнееме кон поголемо меѓународно управување.

Историјата на светската економија ја покажува трилемата на дело. Првата ера на глобализација, што траеше до 1914 година, беше успешна се' додека економската и монетарната политика беа изолирани од домашните политички притисоци. Но, откако беше проширена политичката франшиза, работничката класа се организираше, а политиката на народните маси стана правило, целите на домашната економија почнаа да се натпреваруваат (и да ги совладуваат) со надворешните правила и ограничувања. Класичен случај е краткорочното враќање на Велика Британија на златниот стандард во периодот меѓу двете војни. Обидот да се реорганизира моделот на глобализација пред Првата светска војна пропадна во 1931 година, кога домашната политика ја принуди британската влада да избере домашна рефлација пред златниот стандард.

Архитектите на режимот од Бретон Вудс ја имаа оваа лекција на ум кога повторно го проектираа светскиот монетарен систем во 1944 година. Тие сфатија дека на демократските земји ќе им биде потребен простор за спроведување независни монетарни и фискални политики. Затоа тие размислуваа само за „мала“ глобализација, во која движењата на капиталот ќе бидат ограничени пред се' на долгорочно позајмување и заемодавање. Џон Мејнар Кејнс, кој ги напишал правилата заедно со Хари Декстер Вајт, сметаше дека контролите на капиталот не се привремено средство, туку постојана карактеристика на глобалната економија. Режимот од Бретон Вудс пропадна во 1970-тите години, како резултат на неспособноста или неподготвеноста - на водечките влади да се справат со се' поголемиот бран капитални движења.

Третиот пат, идентификуван од трилемата, е целосно да се укине националниот суверенитет. Во таков случај, економската интеграција може да се здружи со демократијата преку политички сојуз меѓу државите. Тогаш загубата на националниот суверенитет се надоместува со „интернационализација“ на демократската политика. За тоа треба да се размислува како за глобална верзија на федерализам. На пример, САД создадоа обединет национален пазар откако нивната федерална влада презеде доволно политичка контрола од поединечните држави. Тоа беше далеку од мирен процес, како што покажа американската граѓанска војна. Тешкотиите на ЕУ произлегуваат од фактот дека глобалната финансиска криза ја зафати Европа среде сличен процес. Европските лидери секогаш сфаќаат дека економската унија треба да има политичка „нога“ на која ќе застане. Иако некои, како Британците, сакаа да и' дадат на ЕУ колку што е можно помалку овластувања, силата на аргументот беше кај оние што притискаа за политичка заедно со економска интеграција. Сепак, европскиот политички проект не го достигна економскиот.

Грција имаше полза од заедничката валута, обединетите пазари на капитал и слободната трговија со другите земји-членки на ЕУ. Но, таа нема автоматски пристап до некој европски заемодавец. Нејзините граѓани немаат контроли за невработеност од Брисел на начин на кој, на пример, имаат жителите на Калифорнија од Вашингтон, кога Калифорнија се соочува со рецесија. Ниту, пак, со оглед на лингвистичките и културните бариери, невработените Грци можат едноставно да се преселат во некоја европска попросперитетна држава. Грчките банки и фирми ја губат кредитната способност покрај нивната влада доколку пазарите сметаат дека владата е платежно неспособна.

Германската и француската влада имаа мало влијание врз буџетската политика на Грција. Тие не можеа да ја спречат грчката влада од зајмување (индиректно) од Европската централна банка (ЕЦБ), се' додека агенциите за кредитен рејтинг сметаа дека грчкиот долг е кредитно способен. Ако Грција избере неплаќање, тие не можат да наметнат побарувања од нивните банки кон грчките зајмувачи или да запленат грчки активи. Ниту, пак, можат да ја спречат Грција да ја напушти еврозоната. Сето ова значи дека финансиската криза се покажа многу подлабока, а нејзиното решавање похаотично отколку што е потребно. Француската и германската влада, и против нивна волја, настапија со голем пакет-заеми, но дури по значително одложување и со ММФ на нивна страна. ЕЦБ го намали прагот на кредитна способност што мора да го исполнат грчките владини хартии од вредност за да се дозволи континуирано зајмување на Грција. Успехот на спасувањето е далеку од сигурен, во поглед на степенот на затегање на ременот што се бара со тоа спасување, и непријателството што го поттикна кај грчките работници. Кога ќе згусне, домашната политика фрла адути на странските кредитори.

Кризата обелодени колку се комплицирани политичките предуслови за глобализација. Таа покажа колку многу европските институции мора се' уште да се развиваат за да се поддржи здрав единствен пазар. Изборот со кој се соочува ЕУ е ист како во другите делови од светот: или треба политички да се интегрираат, или да се попушти за економско обединување. Пред кризата, Европа изгледаше како најверојатен кандидат што ќе направи успешна транзиција кон првата рамнотежа - поголемо политичко обединување. Сега нејзиниот економски проект е распарталавен, додека раководството кое е потребно за да заживее политичка интеграција, никаде го нема. Најдоброто што може да се каже е дека Европа веќе не ќе може да го одложува правењето на изборот што го откри грчката афера. Ако сте оптимист, би можеле дури и да заклучите дека на крајот Европа оттука ќе излезе посилна.

(Авторот е професор по политичка економија на Школата за управување „Џон Ф. Кенеди“ при универзитетот Харвард, и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1335 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.05.2010 06:52:41
Американците се добри за совети но нивниот долг е 13 000 милијарди долари или ја надмина оваа цифра.Значи секој американец е повеќе задолжен од грк ( не зборуван за бруто приход по единка), а никој не дига џева. Што со колапсот на Америка и дали кризата која почна ос Америка набрзо ќе се повтори и што тогаш? Само на Кина и должат 895 милијарди?

Најди! во Утрински
Насловна
Горчливиот вкус во Хаг
Зденко
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето
Инсулински маки
На ручек во забранетиот Јасен
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Како да се промени иднината?
Тарчуловски се надева на помала казна
Американци во Охрид
Економската криза го намали бројот на филмовите
Кариери на ригиден национализам
Рудниците имаат век на траење
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец
Градот каде што покривите имаат очи
Сегашни и некогашни професори на ФЛУ на едно место
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Луксузни апартмани на местото на хотел „Парк“
Брилијантна генерација
Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода