Конечната одлука во Хаг, со која Трибуналот ги потврди 12-годишната затворска казна за Јохан Тарчуловски и ослободителната пресуда за Љубе Бошкоски, не остави никого рамнодушен во државата. Првичната вест беше дочекана со многу емоции. Допрва ќе се види какви се' импликации ќе има на политички план.
Хашките судии останаа на првичната одлука (донесена пред две години) дека Тарчуловски е виновен за полициската акција во Љуботен. Но, дали со финалето во Хаг целосно ќе се затвори случајот околу интеревeнцијата на безбедносни сили во ова скопско село?
Настанот не може да се гледа изолирано од вкупниот политички амбиент во државата и од предизвиците со кои се соочува таа. Случајот „Љуботен“ е единствениот што го водеше Хашкиот трибунал за воениот конфликт во 2001 година, а Тарчуловски е единствениот осуден. Горчливиот вкус за Македонија во Хаг е погодна почва за поткревање на страстите, секогаш кога има некаков политички дисбаланс во државата.
Адвокатот на Тарчуловски, Нејтан Дершовиц, остро го нападна Хашкиот трибунал дека „заслужува презир и не може да се нарекува Суд на правдата“. „Да имав моќ, ќе го затворев Судот уште оваа минута“, изјави тој. Дершовиц е адвокат и може да дава такви изјави и да тврди дека Судот донел политичка одлука, дека било многу лесно да го стори тоа, бидејќи Македонија е мала земја. Тој може да си дозволи да дава и уште поостри квалификации, но за македонските власти тоа ќе биде многу опасно поле, затоа што државава донесе Закон за соработка со Хашкиот трибунал.
Наспроти чувството дека ни е нанесена огромна неправда, дека за многу потешки дела Судот одредил помали казни (како што е случајот со поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, која доби 11 години затвор за геноцид, злосторства против човештвото, малтретирање босански муслимани и Хрвати и за прекршување на Женевската конвенција), Македонија и нејзините политички лидери не треба да фрлаат дрвја и камења по Судот во Хаг, туку да покажат должна почит и респект кон оваа меѓународна институција.
Би било добро да се запрашаме дали како држава сторивме се' за да докажеме дека во случајот „Љуботен“ не биле прекршени законите за војување. И тоа уште од самиот почеток кога се подготвуваше одбраната на Тарчуловски. Треба да сме искрени докрај и да си признаеме дека можеби, сепак, токму тука потфрливме. Очекувањата во јавноста, посебно во експертската дека жалбената постапка ќе ја смени финалната одлука на хашките судии, беа многу мали. Практиката покажала дека тоа е вистинска реткост во Трибуналот.
Уште еден горчлив вкус остана кога истите луѓе што го посетуваа Бошкоски во Хаг и го донесоа во Македонија како народен херој, во судницата во Трибуналот го вперуваа прстот кон него и на сиот глас викаа „предавник!“
Но, сега доаѓа уште потешкото искушение за државава. Четирите хашки случаи: „Мавровските работници“, затворањето на Липковската брана, киднапираните Македонци и водството на ОНА, се покажаа како преголем залак за македонското судство. Но, не само за судството, туку и за капацитетот на македонските државни и политички институции. Во сите овие четири случаи се инволвирани познати и влијателни личности во албанскиот политички блок. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во случајот „Водството на ОНА“, двајцата негови пратеници Хисен Џемаили и Хајрула Мисини во случаите „’Мавровски‘ работници“ и „Липковска брана“, и независниот пратеник Даут Реџепи – Лека (поранешен член на ДПА) за случајот „Киднапирани Македонци“.
Тоа што нивното отворање води до самиот врв на партиите на Албанците, носи огромни предизвици за создавање нови проблеми на политички план. Но, тоа не значи дека случаите треба да се заглават во судските ходници. Напротив, наспроти сите ризици (ДУИ е дел од владината коалиција), треба да се случи нивна разрешница.
Da odlukata e nepravedna. Zatoa sto i Ljube trebase da e vo zatvor. Da, sudot e politiziran. Zatoa sto od politicki pricini go pustija Ljube namesto da mu dodelat duplo od Johan. I dvajcata se kriminalci na koi mestoto im e zad resetki. Plus i po nekoj Albanec. Samo togas vo ovaa drzava ke moze da se razmisluva kako dojde do pomiruvanje. Vaka, nema uste dolgo da postoime.
Од: Itar Pejo
Датум: 22.05.2010 00:28:39
A za izceznatite makedonci i albanci nikomu ne mu e gajle. Ni novinarite ni zbor da napisat! Zar tie luge nemaa zeni, deca, majki ...
Од: Platen za odbrana a ne za navredi
Датум: 22.05.2010 00:42:46
Razocaruvanjeto e uste pogolemo, bidejci se sirese eden nekriticen optimizam , iako onie poinformiranite i podobro upatenite trebaa da znaat deka Haskiot tribunal retko ja menuva svojata odluka. Lesno mu e na Dersovic,skapo plateniot advokat da "frla drvja i kamenja" po tribunalot, no toj ne bese debelo platen za toa , no bese platen za da uspee da dokaze na tribunalot deka Johan ne e vinoven , a na toj nacin da ja simne lagata od Makedonija . So takvi nevkusni navredi Dersovic moze samo da mu nanese dodatni problemi na Johan a i na Makedonija, bidejci sepak se raboti za tribunal formiran od ON, a Mk. se obvrzala da sorabotuva so istiot.
Од: Lubinka Gecevska
Датум: 22.05.2010 02:09:01
Advokatite od Skopje ne bea na potrebnoto nivo.
Zosto od pocetok ne bea angazirani iskusni?
Toa go kosta sega i Tarculovski i drzavata sloboda
ugled i dzabe frleni pari.Ponatamu treba da pazi
me povece.
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 22.05.2010 04:14:15
Jas vi se cudam ! Nie slobodno mozevme da go zedeme Voislav Seselj ,ce registrirase Law Firm vo Belgrad[Autoritu of Atorney! i se ce bese vo red za da go brani, Jovan-Ivan[John] Tarculovski! Dersovicz Law Firm dobro ja izmolza,a ostavi i prostor uste za mnogu godini da ja molze Makedonija za slucajov so Jovan -Ivan[John].Razberete Sudiite ne sakaat preskapi advokati da im soljat pamet-[familiarno iskustvo]!Vo prasane e prestige!Sujeta e vo sekoja profesia,a ponajmnogu vo taa,,Corava" Justiana.
Од: Јован АН
Датум: 22.05.2010 08:45:48
Тоа е таа Европа (од народната песна) за која Вие здушно навивате да бидеме нејзина членка по цена на промена на името на Македонија,а со тоа и промена на идентитетот на Македонскиот народ!Што мислите,ЗОШТО јужниве сакаат да го промениме нашето име?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.05.2010 10:54:59
Повеќе иритираат оние кој го бранат ликот и делото на трибуналот,отколку пресудата.Одамна сите во светот знаат како се однесува трибуналот.Ама тука во сопствената земја да го напаѓаш адвокат кој го бранел Јохан и да се радуваш на пресудата е ....... сами изберете збор.За Албанскиот етнос е веќе познато но Македонците со виножитен предзнак да пишуваат да е добра пресудата како вчера поедини коментатори е непојмливо.По се изгледа расте еускептицизмот и се повеќе се мисли да таму не ние местото.
Од: oceski
Датум: 22.05.2010 11:01:59
izgleda trebase nasiov minister-ekspert za sudstvo, da go pratime vo hag pa da izvrsi promena na sudska odluka, sudii i sl. se cudam, site komentari dosega vo vrska slucajot boskovski-tarculovski, gi davaat politicki licnosti ili gragani no so politicka sodrzina se komentarite. Kaj se nasite pravnici i sudski eksperti da dadat mislenje i komentar. kaj e sega ministerot, obvinitelot, profesori,pretsedateli na razni sudovi. pa ako imaat madinja neka kritikuvaat, a ne da pustat politicki lica i gragani da komentiraat a so toa samo se nastetuva na drzavata vo percepcijata od nadvor. pa od drugi drzavi bre luge pretsedateli na drzavi,premieri,ministri se osudeni i nikomu nisto. i dosta kupuvanje politicki poeni od vmro-dpmne, namerno mu dadoa slaba podrska za da ne uspee odbranata, za da mozat vo narednive godino da plukaat,vregaat,go delat narodot i kako demek patrioti na tug grb da sobiraat politicki poeni-glasovi od graganite. tesko na ovaa drzava so vakvo rakovodstvo. do koga??
Од: dedodimo
Датум: 22.05.2010 14:05:22
E ova epravdata na EU i zapadnite zemji .Ako ubiesh eden si ubica a ako ubiesh stotici si HEROJ .Hashkiot sud pred drugi da pobara za zlostorstva trebashe tamu da se najdat bivshite predsedateli na Amerika (SAD)Gorge Bush na Anglija Tony BLEAR i na AVSTRALIJA premierot John Hovard .Kolku luge pod nivna naredba bea otepani vo IRAK .Hashkiot sud e pederska Organizacija ,i ovaj sud samo gi jadi malite ribi a za golemite im e strav.
Од: terezija -
Датум: 22.05.2010 15:45:21
Koj i shto ochekuvavte(me) od Hashkiot "Tribunal"..??! Zarem ne ni beshe dovolen POKAZATEL - skandaloznoto izvlekuvanje na "instruktorite" od Arachinovo itoa od nashite "dokazani prijateli"...???Do koga bre Narode ke se zanesuvate i pri ochi i natamu "slepci" ke odite ?! Kakvi Vi se tie 'smeshni' (tragikomichni) komparacii ; dali trebalo Ljube ili Johan da lezi...Ste se zaprashale li dali Vashiot Samobendisan Premier (svesno ili ne) KURBAN-ot za koalicijata so DUI ne go napravi bash preku 'famozniot' Hag...??? Sluchajnosti li bea epilozite na site *neRESHENI* i na nekoi "srekno resheni" (...vrateni) sluchai,kako Mavr. rabotnici i mn dr...?! Ima li nashava "respektabilna" Vlada sovetnici...Koja e ulogata na Ministerot za "pravda" na ovaa kobagi Drzava...??? Teshko na Narod koj(ne po svoja vina) e OSTAVEN na milost i nemilost na personi olicetvoreni vo likot na M.Manevski,N.Gruevski,G.Jankulovska.......
Од: Komentator
Датум: 23.05.2010 10:50:44
Se...dodeka ne tresneme vo raka na masa i resime da ja razotkrieme taa "MISTERIJA"sto ni se sluci vo 2001 godina...probelemite ke ni se mnozat proporcionalno so "prefrigani" postapki baranja na albanskoto lobi...koe ima zadaca za golema Albanija..Nie taa godina.. od mir vo kuka ja stavame pod tepih ..a zelbata za golema Albanija albancite perfidno nija serviraat zavitkana vo celofan...kako "ramnopravnost"...Od druga strana zacuduva fakt. kako samo oni kakao malcinstvo se nezadovolni a ostanatite malcistva em zadovolni em po potreba balansiraat prema toa kako veter duva...Kako i da e edinstvena drzava vo svetot sme za RIPLI..kade malcinstvo go podcinuva mnozinstvo..i do koga...???