Дијабетичарите од тетовскиот крај имаат сериозни проблеми во редовното снабдување со инсулин. Маките на болните од шеќерна болест за добивање на неопходната терапија се константни. Се случува по неколку дена да доаѓаат во амбулантата и да се изначекаат пред вратата на лекарот, а да се вратат со празни раце. И тоа само за да добијат една доза што се троши во еден месец. Што ќе биде наредниот пат, за колку време ќе се добие инсулин, се мислите на пациентите што боледуваат од дијабетес.
Во Клиничката болница во Тетово само пред амбулантата за дијабетичари може да се забележат турканици. Поминуваат часови за да стигнат до бројче што треба да создаде некаков ред во метежот. Но, тоа не помага многу и не го решава проблемот. Затоа што бројчињата, кои се сигурен пат до лекарот, ги има само педесетина, а дневно со инсулин треба да се снабдат 150 лица.
Долгите редици и неизвесноста ќе се добие денес терапија или треба да се дојде и утре, предизвикуваат нервозни реакции на дијабетичарите, кои и онака се изразени поради карактерот на болеста. Неизбежен дел од таквиот хаос се бучните расправии, па и обидите за физички пресметки. А тогаш и шеќерот се крева.
Во тетовското подрачје се регистрирани над осум илјади болни од шеќер. Меѓу нив голем дел се и деца. Пациенти има се' повеќе. Дневно се откриваат од еден до три нови случаи.
Единственото место каде што можат да се снабдат со лекови е амбулантата и специјалната аптека во рамките на Клиничката болница во Тетово. За сите важи централизираното снабдување. Не се знае зошто е воведен ваквиот принцип. Но не функционира како што треба. Инсулинските маки на дијабетичарите продолжуваат. Затоа мора нешто да се преземе. За почеток да се поедностави снабдувањето со овој неопходен лек.
Se secavam,predi dvaeset godini velevme ;Srbija ne molze, a sega se otarasuvame od Srbija i za nekolku godini ce bideme Svajcarija! Mu rekov na eden ,da bideme Svajcarija, treba, da sme Svajcarci!Tetovo i Tetovsko 0d 1960 pa se do 1988 ,ne bese Svajcarska,ama bese Polu Svajcarska. Zarem stariot Medikament Insulin vo Svajcarsko Tetovo da postane nedostapno.Eeee nasata stara uste vazi;,,Otisla Suta ,da trazi Rogovi,trazejci Rogovi gi izgubila i Usite"
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.05.2010 06:46:28
Не е битно што велат паталци слушајте што велат гаталци - така ми наликува здравството кај нас.Една е состојбата на теренот а сосема друго се вергла од владата во медиумите.
Популизмот изгледа не дозволува да се признае немоќта на владата да се обезбеди нормална здравствена услуга.Така беше и со лековите - полека почнаа да ги приморуваат пациентите сами да си купуваат ( кои имаат пари) лекови, кога ги нема, за да ја продолжат нормално терапијата.Очигледно дека здравството ни оди во пропаст.
Од: kole
Датум: 22.05.2010 08:25:35
��стваруваме..... ќе рече на ова Груевски...... ние имаме Програма во 100 чекори а СДСМ нема.....нели Феликс......
Од: intelekt
Датум: 22.05.2010 10:48:50
taka e gojko,ama ocigledno na nasava "drzava"i se mnogu povazni:"spomenici","skulpturi",nekakvi mostovi,domovi i cuda...otkolku bolnite i nivniot spas!!sramota,greota,uzasno i bolno!!!
Од: eu
Датум: 23.05.2010 10:27:59
neli se gordeete be so vmro i so imeto nejcete eu so severna pa eve srkajte nemate lekovi,bolnici razruseni,aparati ne funkcionirat nemate pari za nisto,abe dimbeci vlezete vo eu i ce vi dadat pari za se ne gledate grcija 700milardi evra i pak i davat abe slepi liste ili vmro be poslepe.
Од: STOJKO TETOVO
Датум: 23.05.2010 22:09:10
Druze GOJKO EFTOVSKI vigam deka si dosta RAZOCARAN od tvoata DRZAVA VLAST I ZDRAVSTVENIOT MAKEDONSKI SISTEM za ova i ovaja sloboda i demokratska drzava se borese ti i tvoite sogragani .Makedonskata drzava i nejzinata vlast deneska gradat nova drzava i nov sistem za 21 vek i tuka je povise nego ocevidno vlasta poveke se zanimava so gradene na nepostoeki Makedonski MITOVI sto nemaat nikakov kontakt niti nesto zaednicko.Posto nema INSILIN sum cul deka dajabitis moze da se kontrolira so sto rekle starite -PERIS- ili DIETA.pridrzuvajtese so DIETATA zasto neveruvam deka
vlasta za bolnite je vo opste zaenteresirana.