Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Писмо од Лондон

Американци во Охрид

Томислав Ивановски

Гостите ќе присуствуваат на предавање за Балканот, Ќе се дружат со студентите во Охрид, Ќе Ја гледаат пробата на охридската група „Ѓердан“ и Ќе уживаат во нашите народни игри и ора

ЛОНДОН - Помала група Американци пристигнуваат следната седмица во Охрид, во рамките на туристичката програма наречена „По стапките на Александар Велики“. Таа тргнува од Тирана, во Албанија, а завршува во Солун, во Грција, минувајќи го патот на некогашната, античка Виа Игнација, од Јадранското до Егејското Море, преку Македонија. Вакво слично туристичко патување прв пат беше организирано во 2006 година, што потоа се повтори и во 2007 година, кога, според програмата, беа предвидени патување и престој и во Бугарија. Годинава, меѓутоа, прв пат Македонија, пред се', Охрид, ја чинат главнината на програмата, бидејќи се најмногу застапени и затоа што Американците кај нас, практично, ќе поминат половина од своето десетдневно патешествие низ овој дел на Балканот.

Централно место за гостите од другата страна на Атлантикот се (и овој пат) Охрид и сите негови културно-историски локалитети и вредности од разни времиња и епохи. Манастирите и црквите во градот и покрај брегот на езерото, средновековните икони, античкиот театар и Самуиловата тврдина над него, праисториското наколно живеалиште, но и охридската чаршија, нејзините занаетчии и занаетите што тие се' уште ги одржуваат, одолевајќи му на 21 век, се дел од богатата понуда што овој македонски град ја има за гостите што како посетители, или како туристи, навраќаат во него, а што дојденците од САД ќе може да ги откријат. На почетокот групата ќе ја запознае и Струга, а еден ден, пред крајот од престојот, ќе помине во Битола, на тамошниот Широк-сокак и во античката Хераклеја.

Но, овие Американци не се од типичните туристи што протрчуваат по светот, бркајќи сонце и песок, трудејќи се да добијат што е можно повеќе боја и одвреме-навреме да ��огледнат некои историски вредни знаменитости, за потоа да се вратат дома, собирајќи пари до следното такво трчање по светски познатите туристички дестинации. Во секој случај, групата од Америка се туристи, но поразлични од другите. Не само затоа што доаѓаат во пролет и во време што луѓето од туризмот го нарекуваат претсезона, туку затоа што станува збор и за студиска група, која сака Македонија и Македонците да ги открие и да ги запознае, подлабоко и потемелно од другите туристи и гости што навраќаат кај нас. Овие Американци, затоа, ќе присуствуваат на предавање за Балканот, за луѓето во него и за традициите, ќе се дружат со студентите во Охрид, ќе разговараат за образованието во Македонија, ќе присуствуваат на проба на охридската група „Ѓердан“, ќе уживаат во нашите народни игри и ора, веројатно (како што Американците го прават тоа секаде) ќе се фатат и на оро со играорците, но и ќе слушаат предавање за фолклорот и за македонското културно наследство, а на крај ќе одат на гости во едно охридско семејство, на типичен македонски ручек.

Во туризмот денес има специјализирани агенции и компании што нудат научноистражувачки туристички патувања, испраќајќи со туристите експерти по историја, археологија или по уметност, видни професори од лондонските колеџи и музеи. На светскиот туристички маркет во Лондон има и такви понуди, што само покажува дека во „необичните“ американски туристи, гости на Охрид и на Македонија, како што можеби нам би можело да ни изгледаат, сепак, нема ништо необично, барем кога станува збор за она што веќе постои и се нуди во светскиот туризам. Преку Атлантикот, кај нас и на Балканот, оваа група Американци ги носи тамошната компанија „Експлоритас“ од Масачусетс, во САД, но зад целиот овој проект стои еден наш човек, Сергеј Точили, кој повеќе од две децении живее во Лондон и сега работи како промотор и консултант за понуди на американскиот пазар. Без него и неговото ангажирање немаше да постои програмата според која ќе престојува оваа група, како и групите што ќе дојдат во септември и во октомври и туристите во април и во мај, следната година, па потоа уште еднаш на есен идната година.

Со Сергеј разговарам во Лондон, додека се подготвува за пат кон Македонија, околу средувањето на работите за пречек на првата група. Ми вели дека и претходно Американците доаѓале во Охрид, но, главно, тоа било на поминување и за една ноќ. Ова е нешто друго, Американците доаѓаат како туристи кога други гости има сосема малку, но освен комерцијалниот дел од аранжманот, градот, Македонија и нивниот туризам, имаат шанса да заработат многу повеќе низ промоцијата што овие луѓе, собрани од разни делови на САД, по враќањето дома, во своите дневници, прикази што обично ги прават на Интернет и низ комуникацијата со свои познати, ќе ја направат за нашата земја, за нашите луѓе, обичаите, историските и културните вредности, како и за современите достигнувања, објаснува Точили. Тоа, како што вели, е многу значајно, можеби и повеќе од рекламирањето по медиумите во САД, затоа што Американците што доаѓаат, за жал, досега малку или воопшто не знаат за Македонија, па ова е можност многу подлабоко да ја запознаат земјата.

„Експлоритас“ е непрофитна организација што организира патувања по светот, нудејќи им на луѓето да отидат некаде далеку од дома, за да ги прошират своите хоризонти, за да ги запознаат новите средини и луѓето во нив, за да ја откријат културата и животот на другите народи. Затоа, туристите што оваа организација ги испраќа по светот, а сега и кај нас, бараат да имаат предавања, да разговараат со своите домаќини, да прашуваат и да го слушнат мислењето на оние со кои се среќаваат. Македонија, според мојот соговорник, има што да покаже и да понуди. Подобрена е нејзината понуда, низ повеќето хотели, низ истакнувањето на нејзиното културно-историско наследство, низ инфраструктурата. На тој план, меѓутоа, треба уште многу работа за да се слушне и за да се разбере за нас, како за податлива туристичка дестинација. Продавањето на македонската понуда на големиот американски пазар, секогаш љубопитен за откривања нови дестинации, мора да биде проследено со сознанието за тоа што сакаат Американците и што бараат од земјата каде што одат. Сергеј е категоричен дека без разлика на кој пазар се претендира и без разлика дали станува збор за вакви гости, како овие што ќе дојдат од САД, или за оние што ќе летуваат, Македонија мора да има дефинирано што сака да им понуди на туристите што сака да ги привлече. Конечно, треба да се избере она по што Македонија ќе се препознава во САД, или на кој било туристички пазар, вели Сергеј Точили. Цел свет за Швајцарија знае и ја препознава по часовниците. Кај нас треба дури сега да се избере што ќе биде тоа, како некаков наш заштитен знак и да се турка со него.


#
Статијата е прочитана 1797 пати.

Испрати коментар

Од: yy
Датум: 22.05.2010 02:06:30
I znaci ova e vredno da se objavi vo eden od dnevnite vesnici kaj nas. Taka i vo USA na primer Washington post ili New York vesnicite bi se bavele so edna golema vest kako na primer: dosla grupa Makedonci vo USA, ama ke ve molam ne samo da se soncaat tuku da ja pocestvuvaat USA so toa sto ke naucele nesto za nea. Aman bre Makedonce do koga ke si se ponizuvas? Golemo cudo sto ke dosle edna grupa Ameri. dajte ve molam da citame nesto konkretno koe ima znacenje za nasata zemja,
Од: do yy
Датум: 22.05.2010 03:33:02
Koj se ponizuva prostak eden? Makedonija ima budget od 2 bilioni amerika ima budget od 15 triljoni... da mozeme da dobieme malce od tie turisti ke bide isto kako da sme dobile na lotarija 7ca.. italjancite i spancite skokaat od radost koga ke dojdat amerikanci.. tuka prostaci kako tebe brkaat sve sto e dobro. mora da si ohridjanin nema drugo,, i za tvoja informacija vo amerika koga dovadjaat neobicni gosti ili bogati gosti sve pravat za niv i da gi pisuva vo vesti! (makedonci nazalost nema bogati bidejki site razmiluvaat prosto kako tebe)
Од: Ohrigjanka
Датум: 24.05.2010 02:46:53
So nie ke im ponudime na strancite pogotovo onie sto patuvaat so "Exploratis"? Nie ke se prajme Marbelja i ke im nudime luksuzni apartmani, ama ne na moro tun naejzero so jastozi uvezeni od Solun. A be koj ko nas mangi sme nie.

Најди! во Утрински
Насловна
Горчливиот вкус во Хаг
Зденко
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето
Инсулински маки
На ручек во забранетиот Јасен
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Како да се промени иднината?
Тарчуловски се надева на помала казна
Економската криза го намали бројот на филмовите
Кариери на ригиден национализам
Рудниците имаат век на траење
Грчки лекции за економијата
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец
Градот каде што покривите имаат очи
Сегашни и некогашни професори на ФЛУ на едно место
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Луксузни апартмани на местото на хотел „Парк“
Брилијантна генерација
Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода