Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Јубилеј

Сегашни и некогашни професори на ФЛУ на едно место

Катерина Богоева

Ликовната уметница Жанета Вангели на отворањето на првата заедничка изложба на најголем дел од професорите на Факултетот за ликовни уметности - Скопје, меѓу кои е и таа, во Музејот на современата уметност каде беше одбележан 30-годишниот јубилеј на оваа образовна, државна институција, деновиве изјави:

„Многу е интересно и голем предизвик е да се изложува со своите поранешни професори. Повеќето од нив се тука, и за среќа, се' уште се во оваа димензија, но за жал, некој вечерва не се со нас за што искрено жалам, како, на пример, за мојот професор Петар Мазев и за Драгутин Аврамовски - Гуте, кој не ми беше професор, но со кој комунициравме во првите години на основањето на ФЛУ“.



Таа досега веќе се претставила на заедничка изложба заедно со професорите Симон Шемов и Родољуб Анастасов, а во оваа пригода, освен нивните дела,презентирани се и дела на Петар Хаџи Бошков, Душан Перчинков, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Стефан Маневски, Димитар Малиданов, Момчило Петровски, Иван Ѓорѓиевски, Ристо Калчевски, Драган Поповски, Васил Василев, Танас Луловски, Димче Николов, Мирко Вујисиќ, Рубенс Корубин, Зоран Јакимовски, Вело Ташовски, Станко Павлески, Бранко Коневски, Жарко Башевски, Фехим Хусковиќ, Јован Шумковски, Благоја Маневски, Благоја Кузмановски, Трајче Блажевски, Беди Ибрахим, Свето Манев, Антони Мазневски, Гоце Наневски, Исмет Рамичевиќ, Славица Јанешлиева и Ладислав Цветковски.

За младиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, некогашен ст��дент на Факултетот, изложбата е одлично соочување не само со јавноста туку и со односот студенти - професори.

„Станува збор за различни генерации, но факт е дека во делата на помладите професори ги гледаме тенденциите што се јавуваат подоцна, за разлика од постарите што создаваат во манир својствен за нивното време. Од приказните што сме ги слушале како некогашни студенти, знаеме дека фактички на Факултетот постоеле две струи, на Димитар Кондовски и на Петар Мазев и од нив излегувале или силни уметници или некои што подоцна ја имале сенката на своите професори.

А допрва ќе ги видиме делата на студентите на младите професори. Класите на кои тие им предавале, сега изложуваат во Арт институтот, но, сепак, развојот е индивидуално прашање“.


#
Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 22.05.2010 10:51:39
kondovski,mazev,vasilev,dimce nikolov,vujisic..se iminja od koi navistinsa treba da se uci...so sreka izlozbata,i dajte im mesto poveke na vasite studenti zosto i tie se stremat da go sledat vasiot vrv!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Горчливиот вкус во Хаг
Зденко
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето
Инсулински маки
На ручек во забранетиот Јасен
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Како да се промени иднината?
Тарчуловски се надева на помала казна
Американци во Охрид
Економската криза го намали бројот на филмовите
Кариери на ригиден национализам
Рудниците имаат век на траење
Грчки лекции за економијата
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец
Градот каде што покривите имаат очи
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Луксузни апартмани на местото на хотел „Парк“
Брилијантна генерација
Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода