Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Исхрана

Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето

Како да го исчистиме организмот, да ослабеме, а да не сме на диета, колку е добро да се засладиме со овошје за десерт и што воопшто значи правилен режим на исхраната?

За вистините и заблудите во исхраната, разговаравме со Тања Турунџиева, нутриционист.

Зборот диета навистина звучи непријатно. Обично, тогаш се создава некаков отпор... Да речеме, многу побезболно е да се каже - сменет начин на исхрана и во тој контекст - што треба итно да се смени за да се исчисти организмот, да се направи некој вид генерално чистење?

Диета е збор што сите ги асоцира на гладување. Во мојот вокабулар го користам терминот здрав и правилен режим на исхрана. Го сметам за поадекватен, затоа што станува збор за индивидуална исхрана. Секој од нас е индивидуа сама за себе и треба да си има свое мени адаптирано на неговата здравствена состојба и на секојдневните обврски. Адекватно, треба да се внесуваат сите нутритиви во количина што е потребна за еден организам, само правилно исконсумирани. Според нутриционистичките правила, овошјето секогаш треба да се зема во претпладневните часови, распределено до 1 час пред ручек... Едно е вистина - за да имаме здрав и имунолошки јак организам, потребно е да внесуваме многу овошје и зеленчук во текот на денот. Свежите ензими ќе ја направат катализацијата на организмот, а воедно ќе го јакнат и нашиот имунолошки систем. Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето. Патем, идеални килограми се оние во кои се чувствуваме најздраво и кои најдобро ни стојат. Никогаш не треба да се импровизира со некои квазидиети, кои можат негативно да се рефлектираат врз нашиот организам и врз имунолошкиот систем. Честопати се случува, особено кај женската популација, од таквите диети да се случи колапс на имунолошкиот систем, хормонална небалансираност, анемија, аменореи. Мој совет е да се комуницира со нутриционист, кој професионално ќе направи режим на исхрана со кој правилно и здраво ќе се победат килограмите.

Дали има вистина дека комбинирањето храна е опасно? И квантитативно и квалитативно. Дајмонд, на пример, советува еднолична исхрана.

Комбинацијата на храната е магичната формула за нашето здравје. Со правилно комбинирање не го оптоваруваме организмот и метаболизмот и овозможуваме во организмот да се апсорбираат сите потребни хранливи состојки без да чуствуваме товар. За лоша комбинација на храна се смета консумирање протеини и јаглеродни хидрати. Пример, месо и компир, риба и ориз, леб со салама... Во еден ден можат да се јадат и јаглеродни хидрати и протеини, меѓутоа треба да поминат 6 часа од еден до друг оброк. На тој начин нема да создадеме тегоба при варењето на храната ниту, пак, да го оптовариме нашиот метаболизам. На секој од нас му требаат и јаглеродни хидрати и протеин. Значи, урамнотежена исхрана, но да не се заборави дека со секој оброк задолжително оди свежа салата. Од правилна комбинација на храна може само да имаме подобрување на здравствената состојба.

Што значи идеално мени? Велат, едно јаболко дневно е вистински еликсир за здравјето, но кога, пред оброкот или по него?

Нашата македонска кујна изобилува со прекрасни јадења, кои ако правилно се искомбинирани, можат добро да се рефлектираат врз нашиот метаболизам. Секое семејство треба да си има свое мени, кое неделно ќе се менува и секоја индивидуа во текот на неделата треба да внесува што поразновидна храна што е адаптирана на поднебјето каде што живее. Во текот на една недела нашите оброци треба да се содржат риба, грав, грашок, боранија, турлитава.... Сето тоа треба да биде придружено со свежа сезонска салата. Јадењето треба да биде приготвено како вариво, без да биде храната пржена и без многу додатоци. Ручекот треба да биде испланиран според нашиот дневен биоритам. Треба да исконсумираме онолку храна колку што дневно имаме потреба. Не треба да се врзуваме за времето и за количеството храна. И уште нешто што е многу важно - никогаш не треба да се консумира овошје попладне, па дури ни како десерт. Од ваквото овошје никогаш нема да ги искористиме неговите благодети. Тоа едноставно ќе „скапе“ во нашиот желудник.

Имаат ли врска годините и начинот на исхраната - колку постари, толку помалку храна?

За да некој биде на здрав и правилен режим на исхрана, годините не играат никаква улога. Културата и начинот на исхраната се одредува уште од самото раѓање, со доењетото. Всушност, уште како бебе на детето треба да му се воспостави ред во неговото мени. Динамиката на живеење и секојдневните обврски не ни дозволуваат да имаме 3 оброци дневно. Но, ако ја воспоставиме таа рамнотежа, вклучувајќи го правилното внесување на овошјето, никогаш нема да имаме проблем ниту со здравјето ниту со нашиот имунолошки систем. Превентивата околу нашето сопствено здравје, јакнењето на имунолошкиот систем, ја правиме целото време додека јадеме. Количината на внесената храна ја одредуваме самите, онолку колку што ни е потребно, но не и прекумерно. Во подоцнежните години во нашата исхрана треба да има се' повеќе квалитетна храна во која ќе биде неминовно присуството и на јаткестите плодови, кои како кај нас да се заборавени. Тие во себе ги содржат потребните есенцијални масти и аминокиселини кои ќе придонесат за подобрување на здравјето. Само како пример - во семките од тиква имаме големо количество калциум, магнезиум, железо, витамин Ц, витамин Б, Б-2, ПП. Неговото лековито средство е познато уште од најстара доба. Освен тоа, може да се користи и како средство против глисти. Оревите се претставник на растителниот свет, кој има висока биолошка активност. Не е познат само како храна, туку и како лек. Има големо количество калциум, магнезиум, цинк, а изобилува и со аминокиселини, кои позитивно влијаат врз нашата мускулатура, коски, срце, кожа и коса. Јадете секојдневно по 5 ореви и не се грижете за своето здравје. Тие ќе го ревитализиираат вашиот организам и метаболизам. Сторете го тоа наутро, затоа што така ќе бидете сигурни дека најдобро сте ги искористиле сите хранливи продукти. Сите јаткести плодови се јадат термички необработени и несолени!

Колку си поборник на девизата - храната е лек и обратно, и во кои случаи?

Храната може да биде лек, а лекот може да биде храна. Преку хранливите продукти можеме да го јакнеме нашиот имунолошки систем и да победиме одредено заболување. Доколку имаме одредено заболување, треба да се направи селекција на одредени нутритиви, а да се форсира одредена храна што позитивно ќе влијае врз нашето здравје. Доколку имаме некој здравствен проблем, се знае дека од исхраната треба да бидат исклучени сите оние додатни конзерванси, концетрати, емулгатори. Треба да се вратиме кон тазе приготвената храна без додатоци. Здравата и правилна храна може да го победи дури и канцерот.

Постојано се истакнува корисното дејство на водата и консумирање околу два литра дневно. Што е со газираната вода, чаевите?

Водата е од суштинско значење на еден организам и дневното количество внесена течност треба да изнесува од два до два и пол литри течност дневно. Напивките треба да се составени од вода, природно цедени сокови и по некој чај, во зависност од индивидуата што го консумира. Знаеме дека сме поднебје каде што се консумира многу кафе, но и тоа треба да е умерено. Интересен е податокот дека кафето е напивка што го елиминира калциумот од нашиот организам, создава хиперсензибилност, односно го растревожува нашиот организам доколку се консумира прекумерно...И чаевите треба да се пијат, но секој си има своја намена и може да направи чуда во нашиот организам. Треба само да се пие дозирано и наменски. Лошо е што луѓето пијат чаеви по свој избор. На пример, чаевите од магдонос ги пијат сите оние што мислат дека ќе ги решат проблемите со килограми, што е погрешно. Факт е дека тој е диуретик, но дополнително ги оптоварува бубрезите. Чајот се пие свежо приготвен, така што ќе флуоресцира во нашиот организам.

Храната и нејзината поврзаност за поднебјето имаат логично толкување. Ние треба да се насочиме кон овошјето и зеленчукот што го имаме тука, а не кон алги што успеваат илјадници километри далеку од нас...

Да, храната треба да биде адаптирана кон поднебјето каде што се живееме, во пречник од 300 км. Нашето поднебје изобилува со преубав квалитет на овошје и на зеленчук, а особено треба да се користат сезонските. Секогаш велам да се јаде храната што во моментот може да се најде на пазарите. Така знаеме дека во таа временска доба ни се потребни овошја и зеленчуци што можат да се купат.

За засладување - може ли некоја коцка темно чоколадо?

Чоколадото е продукт за кој има многу приказни. Сметам дека треба да се консумира во умерена форма, децата да го јадат како награда, а не како замена за оброк. Посегнувајте по чоколадо само ако сакате да се засладите, а не да се насладите!

Се чини дека во исхраната постојано има некаков хит. Првин беше арника, па брусница, сега артичока. Вистинити ли се нивните својства или се' е врзано за комерцијална приказна? И што мислиш за ѓумбирот?

Брендовите секогаш се присутни и добро функционираат во нашата држава. Но, сите тие имаат свои добри и лоши карактеристики. Многу зависи како ќе се консумираат. Инаку, ѓумбирот е средство за ублажување болки, дејствува против воспаленија, спазма, гливични инфекции, забоболка, настинка, пролив, кашлање, јак гастритис. Чајот од ѓумбир помага против повраќање во тек на бременоста. Може да се користи како зачин.

Важно

- Млекото со синтетички витамин Д (а тоа значи секое млеко што се купува во продавница) може да предизвика недостиг од магнезиум во организмот.

- Истражувачите на канцерогени заболувања од Технолошкиот факултет од Масачусетс откриле дека витаминот Ц, Е и извесни супстанци индоли, што се пронајдени во зелката, кељот и сроден зеленчук од фамилијата зелка, се моќни и во целост безбедни инхиботори кај одредени видови карцином.

- Кродимот, лукот, роткивчките и празот содржат еден природен антибиотик наречен алицин што е во состојба да ги уништи бактериите, додека корисните остануваат.

- Маслиновото масло и маслото од репка се богати со мононезаситени маснотии и се најдобар природен вид храна во борбата против болести на срцето.

- Морковот може да биде од помош при создавање наслаги на ѕидовите на артериите и во превенција на срцевите удари кај луѓето заболени од артериосклероза.

- Од две до четири чинии доматен сос неделно може да го намали ризикот од рак на простатата кај мажите, бидејќи во доматот има многу ликопен што е антиоксиданс.

- Магнезиумот ги опушта мускулите и е природен еквивалент на блокирани калциумски канали.


#
Статијата е прочитана 1797 пати.

Испрати коментар

Од: kire
Датум: 22.05.2010 04:02:35
Mislam deka na Tanja i nedostasuvaat najnovite podatoci od oblasta na dietetikata; neka napravi research za da vidi deka za pravilna ishrana se smeta ishranata koja e balansirana sto znaci vo eden obrok da bidat vneseni 1/2 zelencuk, 1/4 proteini i 1/4 jagleni hidrati; na toj nacin se zadovoluvaat dnevnite protrebi na organizmot za site nutriensi;vitamini i minerali. Mesanje na proteini so jagleni hidrati ??? ....taa teorija odamna e nadminata. See "Healthy ways. Healthy Weight".
Од: oliver
Датум: 24.05.2010 00:05:55
A kaj se mastite be Kire? Tanja e sosema vo pravo...neznam dali voopsto znaes biohemija i procesi na cistenje i eliminacija na toksini od teloto...Teorijata sto velis deka e odamna nadminata e seuste vo praksa...Healthy ways healthy weight se bazira na namaluvanje na porciite.... a za toa koj e rezultatot od mesanje se i sesto vo eden obrok bi te pokanil kaj mene vo USA da vidis sto se sluciva so decata koi se hranat so milon raboti vo eden obrok...vo isto vreme bi te pokanil i vo Indija kade tradicinalno orizot koj e bazicna ishrana se jade samo so zelencuci i mnogu retko so meso...pa vidi ja razlikata megu jadenje se odednas i strogi rezimi na ishrana koi odamna se provereni i veke etablrani vo praksa kaj mnogu drevni nacii...Amerikancite samo pravat istrazuvanje koe im odgovara na kompaniite...taka da mnogu veruvanje na amerikanski naucnici koga stanuva zbor za ishrana NE...pozz

Најди! во Утрински
Насловна
Горчливиот вкус во Хаг
Зденко
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Инсулински маки
На ручек во забранетиот Јасен
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Како да се промени иднината?
Тарчуловски се надева на помала казна
Американци во Охрид
Економската криза го намали бројот на филмовите
Кариери на ригиден национализам
Рудниците имаат век на траење
Грчки лекции за економијата
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец
Градот каде што покривите имаат очи
Сегашни и некогашни професори на ФЛУ на едно место
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Луксузни апартмани на местото на хотел „Парк“
Брилијантна генерација
Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода