Хали Бери
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Иако најавија пријателско разделување, сепак, актерката Хали Бери и нејзиниот екссопруг Габриел Обри започнаа вистинска војна за сопствената ќерка Нахла. Иако планираа да го поделат старателството, се чини дека Габриел многу ретко го гледа девојчето, а за тоа, според некои извори, виновна е Хали. „На Обри му е многу тешко. Последните неколку недели тој не можеше да си ја види ќеркичката. Сега е многу лут и размислува како успешно да ја добие битката за целосно старателство. Тој премногу ја сака, па ќе даде се' од себе ја задржи“, кажа еден извор за „Радар онлајн“.
Се чини дека најголемиот проблем се појави откако Габриел дозна за намерите на Хали да ја понесе Нахла во Јужноафриканската Република, каде што целото лето би го поминала на снимање на својот најнов филм. За Габриел тоа би значело тримесечно одвојување од своето дете. „Габриел побара да ја задржи Нахла во Лос Анџелес, но Хали не му дозволува, па почна тензијата и војната меѓу нив. Се чинеше дека ќе следува сериозна правна битка. Но, на крајот се договорија и Габриел да дојде со нив во Африка. Додека Хали работи, тој ќе ја чува ќерката. Веројатно, ќе му најми куќа во близина на филмскиот сет, па со тоа нема да биде принудена да дава пари за дадилка. |