Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Тарчуловски се надева на помала казна

По одлуката на Жалбениот совет во Хаг, исцрпени се можностите за ревизија на пресудата

Александра М. Митевска

Уште најмалку две години и 10 месеци Јохан Тарчуловски ќе биде во затвор пред да се најде на дневен ред можноста за ублажување на затворската казна од 12 години за случајот „Љуботен“ од конфликтната 2001 година. Откако Жалбениот совет на Хашкиот трибунал во средата ја потврди казната за поранешниот припадник на македонската полиција, неговата одбрана соопшти дека се исцрпени правните лекови за ревизија на пресудата, а дека повторување на процесот е можно само ако се обезбедат нови докази или нови сведоци, што досега не биле земени предвид.

Тарчуловски во наредните месеци ќе остане во притворската единица на Трибуналот, во очекување да се финализираат аранжманите за негов трансфер од Холандија во друга држава, каде што ќе го отслужува остатокот од казната. Адвокатите најавија дека ќе побараат од Советот за безбедност Тарчуловски да ја издржува затворската казна во Македонија, како единствен Македонец осуден од Меѓународниот суд. Меѓутоа, шансите за ваков расплет изгледаат минимални, особено ако се има предвид дека во историјата на Трибуналот досега немало случај - осудено лице да ја издржува казната во матичната земја.

Меѓународниот суд за поранешна Југославија досега има склучено договори за спроведување на казните со 17 европски држави - Норвешка, Шведска, Финска, Естонија, Данска, Германија, Шпанија, Словачка, Франција, Велика Британија, Белгија, Австрија, Италија. Можни затворски дестинации за хашките осуденици се и Албанија, Полска и Португалија, каде што досега не е префрлено ниту едно осудено лице, како и Украина, која се' уште не го ратификувала договорот. Засега нема информации дали овие четири држави ќе имаат приоритет при одлучувањето во кој затвор ќе биде префрлен Тарчуловски. Од Трибуналот единствено посочуваат дека при одлучувањето „посебно внимание се посветува на близината на конкретната држава со родната земја на осуденото лице“. Претседателот на Меѓународниот суд одлучува каде ќе биде префрлено осуденото лице откако секретарот ќе го информира која држава е подготвена да ја спроведе изречената казна.

Адвокатите на Тарчуловски најавија дека ќе бараат намалување на казната. Тоа е можно откако осуденото лице ќе отслужи две третини од казната, што во случајов значи осум години, при што ќе се земат предвид и петте години што ги помина Тарчуловски во притворот во Шевенинген. Адвокати и експерти по кривично право што ги консултиравме објаснуваат дека тоа не значи дека на Тарчуловски по автоматизам ќе му се „простат“ сите преостанати четири години од определената затворска казна. Според нивните толкувања, правото не познава автоматизам во судска одлука. А, дали и колку ќе биде ублажена казната зависи и од условите и околностите што одбраната ќе ги наведе во барањето за намалување на годините што треба да ги помине осуденото лице во затвор, како неговото поведение во затворот или семејните околности.

Од формирањето на Меѓународниот суд за поранешна Југославија пред 17 години, подигнати се обвиненија против 161 лице, а завршени се 123 од случаите. Моментно се водат постапки за 38 обвинети, од кои 25 се во фаза на првостепено судење, а 11 чекаат одлука од Жалбениот совет. Двајца обвинети, поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, и поранешниот претседател на Српска Краина, Горан Хаџиќ, се во бегство. Во изминатите години во Хаг се изречени пресуди за многу високи функционери од просторите на поранешната држава. Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, беше осудена на 11 години затвор што ги одлежуваше во Шведска, но минатата година беше помилувана - еден месец пред да отслужи две третини од казната. Момчило Краишник, поранешен претседател на парламентот на РС, беше осуден на 20 години затвор, по што беше префрлен од Холандија во Велика Британија. Некогашниот претседател и премиер на Српска Краина, Милан Бабиќ, доби 13 години затвор, а поранешниот началник на ГШ на Босна и Херцеговина, Расим Делиќ, беше осуден на три години. Некогашниот генерал на босанските Срби, Драгомир Милошевиќ, беше осуден на 33 години затвор, а минатата година казната му беше намалена на 29 години.

Првичниот обвинителен акт против Тарчуловски и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, беше потврден на 9 март 2005 година. Јохан Тарчуловски беше уапсен на 14 март истата година и два дена подоцна беше префрлен во Хаг. Бошкоски, пак, во тоа време беше во притвор во Хрватска за случајот „Раштански лозја“, а во Хаг беше префрлен на 24 март 2005 година. Судењето почна на 16 април 2007 година, завршните зборови беа дадени од 6 до 8 мај 2008 година, а пресудите беа соопштени на 10 јули истата година. Жалбениот совет на Трибуналот во средата ја потврди и ослободителната пресуда за Бошкоски, кој е ослободен од одговорност за случувањата во село Љуботен на 12 август 2001 година. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 2512 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 22.05.2010 03:48:16
Ovie od SDSM sto go deportiraa Tarculovski vo Xag konecno se radosni od 12 godisnata kazna v zatvor. Makedonci sto se protiv covekot sto ja brani Makedonija od teroristi.
Од: oceski
Датум: 22.05.2010 10:31:59
do> kimov abe kimov greota e koga ne gi poznavas procedurite. ne sdsm , hag go barase. gledas li koi funkcioneri od drugi drzavi se dadeni vo hag od nivnite drzavi i sto predavnici li se tie sto gi odnele vo hag bo baranje na sudot? samo sitni dusi na vakvi slucaevi kupuvaat eftini politicki poeni. taka i boskovski vmro go ioskoristi demek go podrzuvala i zalela kako nevina zrtva a sega go satanizira. utre i so tarculovski toa ce go pravi vmro dpmne, samo toa e necesno igranje so sudbinite na ovie lica so cel so lazen patriotizam da se drzi vlasta kako bozemni zastitnici . sramotaa
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.05.2010 10:36:11
Од досегашното однесување на Хашкиот трибунал не би ме зачудило да направат уште два нон сенса.Првиот да му го одбијат барањето за пуштање на слобода после одлежаните 2/3 од казната и да казната ја одлежува во Албанија.Тоа сосема би одговарало на ,,тренирање строгоќе,, на судот кон единствениот Македонец во Хаг.
Од: apologet
Датум: 22.05.2010 11:08:47
za kimov; treskas zeleni.vie vmrovcite ste licemerni i neznajkovci.licemeri oti ako go oslobodea Tarculovski(koj patem receno e nepravedno osuden) ke se soberevte iljadnici bozem da pokazete kolku go sakate.Organiziravte i nekakov protest na koj nikoj od vrhuskata na vmro ne bese prisuten kako poddrska.a za da se prosetaat so drzavni pari se istoporija vo Hag.Pa ti sega vidi koj go prodade Johan.Bedno i greota.I da ti kazam ne kriv ni branko ni ljube.Razmisli pa ke sfatis koj e krivecot.Ama cisto sumnjam.
Од: Nedev
Датум: 22.05.2010 11:31:12
Toa ti e Kimov, SDSM se radosni sto Johan ostanuva vo Xag, DPMNE se tazni sto Ljube se vrati od Xag... zivot.
Од: ivana
Датум: 22.05.2010 18:17:12
johan vo hag go pratija aktivisti na dui od ljuboten...tie svedocea protiv johan....a denes dui e vo vlada i se polnat so drzavni pari i privilegii....dokolku tie sto bea vo hag navistina go sakaat na johan ke ja raskinat koalicijata so dui...inaku drugoto e cisto licemerie...makedonskite sudovi neka gi osudat haskite na dozivotna robija
Од: Ristifor
Датум: 22.05.2010 20:23:23
Gledam deka e polno od nekoi si t.n. golemi "na cional patrioti" , "kimovi" i kojznae ushte takvi bl'ga ri kako niv. Go prashav onoj shto se javuva kako "nacional patriot" iako trebe da se narechuva so drug naslov a istoto te prashuvam i tebe "komov" kade beshe za vreme agresijata od strana na ba listichkite teroristi, na koe mesto? e otkako ke ka zhesh togash go napagjaj SDSM. Takvi lebojadci koi nachekale da zemat tastatura vo race i da ne stanuvaat denonokno od stolot ne znaejki koj ima nadlezhnost vo sudskite proceduri, a pishuvaat tuku taka samo da ima neshto napishano.Vi sta vil toj vashiot komandant Gru na cohite od levata i desnata strana branichni kapaci za da ne gleda te shto raboti toj i vashata oligarhija DPMNE. Otvo rete gi ochite dodeka e vreme zatupani, vi gi ispra le i pozocite.
Од: Ристо
Датум: 23.05.2010 21:07:31
Како прво нема да давам коментари за натписот, али ќе дадам за овие неписмени пораки, никако неможи човек да свати што сакате да искажите толку лоша граматика и лошо испишано баш незнам како оваа редакција ги објавува поздрав до Јохан

Најди! во Утрински
Насловна
Горчливиот вкус во Хаг
Зденко
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Како ќе се храниме, така ќе не' служи здравјето
Инсулински маки
На ручек во забранетиот Јасен
Во војна со бившиот за старателство над ќерката
Како да се промени иднината?
Американци во Охрид
Економската криза го намали бројот на филмовите
Кариери на ригиден национализам
Рудниците имаат век на траење
Грчки лекции за економијата
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец
Градот каде што покривите имаат очи
Сегашни и некогашни професори на ФЛУ на едно место
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Луксузни апартмани на местото на хотел „Парк“
Брилијантна генерација
Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода