Петмина репрезентативци на сослушување
Фудбалската федерација на Франција (ФФФ) вчера требаше да сослуша петмина репрезентативци по повод бојкотот на тренинзите на Светското првенство во Јужна Африка. Покана за појавување пред дисциплинската комисија на ФФФ добија Жереми Тулалан, Патрис Евра, Франк Рибери, Ерик Абидал и Никола Ањелка.
Сите француски репрезентативци (23) бојкотираа еден од тренинзите на националниот тим за време на Мун��ијалот во знак на протест на одлуката на селекторот Рајмон Доменек да го отстрани Ањелка од репрезентацијата. Ањелка претходно влезе во отворена расправија и го навреди Доменек по поразот на Французите од Мексико. Настапот на СП 2010 за „триколорите“ заврши уште во фазата по групи во која освоија само еден бод. |