Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Сестра му на Бекам на улица, нема за леб

На Лин Бекам и' се потребни 200 евра неделно за основните животни и судски потреби, толку заработува Дејвид на секои две секунди

Лин Бекам (37), родена сестра на светската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам, последните месеци буквално нема за леб и поради тоа е принудена да побара помош од државата. Неа и' се потребни 200 евра недел��о за основните животни и судски потреби. Иронично во целата ситуација е што нејзиниот брат толку заработува на секои две секунди.

Лин неодамна се разведе и моментно води судска борба за старателство врз трите деца. Нејзиниот поранешен сопруг, во минатото, беше вмешан во трговија со дрога, па нивниот дом често го посетуваа разни дилери. Инаку нејзината куќа ја купи токму Дејвид за 250.000 фунти.

Додека дел од англиските медиуми тврдат дека Дејвид Бекам се дистанцира од својата сестра поради проблематичниот сопруг, други нагласуваат дека тој во ниту еден момент не смееше да ја остави на цедило и сега да зависи од државата.

Односот меѓу Дејвид и Лин се влоши во 1998 година кога фудбалерот го запозна својот иден зет. Затоа едвај се согласи да присуствува на нивната венчавка една година дена подоцна, додека Викторија Бекам одби да биде дел од церемонијата.

Американските медиуми пишуваат дека Дејвид воопшто не знаел што се случува во животот на сестра му во последните месеци и оти изразил загриженост кога ги слушнал вестите.

„Дејвид секогаш беше со Лин. Не знаеше што се случува. Шокиран е“, рече еден од пријателите на фудбалерот, близок до семејството.

Бекам, инаку, пред неколку месеци во едно телевизиско интервју посочи дека татко му пред неколку години му порачал за единственото задолжување во животот, а тоа е да внимава на своите две сестри, Џоен и Лин.

„Му ветив дека ќе го правам тоа додека сум жив“, изјави Дејвид.


#
Статијата е прочитана 1242 пати.

Испрати коментар

Од: Dark Avenger
Датум: 18.08.2010 04:24:01
I ova se sportski vesti???????????????????????

Најди! во Утрински
Спорт
Битолски фудбалски ѕвезди
Работнички во потрага по враќање на самодовербата
Бизнисмен од Индија го купува Блекбурн?
Петмина од Интер во трка за фудбалер на годината
Петмина репрезентативци на сослушување
Рајевац останува селектор на Гана за 50.000 евра месечно
Шарапова се откажа од Монтреал
Таткото на Озил тврди
Тијаго од Јуве во Атлетико Мадрид
Реина доби конкуренција
Околу половина од играчите странци