Таткото на Озил тврди: Со Реал се' е договорено
„Ако не оваа година, тогаш наредната Месут Озил ќе потпише за Реал Мадрид. Тоа е единствениот клуб во кој сака да игра мојот син“, тврди неговиот татко Мустафа.
Мустафа Озил, татко на фудбалерот на Вердер и германски репрезентативец Месут Озил, потврди дека меѓу тимот од Бремен о мадридски Реал веќе постои договор. Споре�� него, тврди Мустафа Озил, Месут уште оваа година или најдоцна наредната ќе стане член на „кралскиот клуб“.
„Му ветивме на Реал Мадрид дека Месут ќе го отстапиме бесплатно во наредната сезона ако Вердер одлучи да го задржи во оваа, а нашиот збор е свет“, вели Мустафа Озел.
Таткото на фудбалерот потврди дека интересот за услугите на Месут е огромен. Меѓу загреаните клубови беше и актуелниот европски шампион, Интер, но понудата на „нероазурите“ е одбиена.
„Со син ми бевме во викендичката на Флорентино Перез во Мадрид. Не' повика и брзо се договоривме. Импресиониран сум од неговата волја да му помогне на моето дете да заигра за Реал. Тоа е единствениот клуб во кој сака да замине Месут“, заклучи Озил сениор. |