Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Работнички во потрага по враќање на самодовербата

Вицешампионот попладнево (17 ч.) гостин кај Миравци во шеснаесет-финалето во Купот на Македонија

Сашко Ѓ. Димовски

Работнички имаше успешно фудбалско лето и на резултатски и на финансиски план. Мина две пречки во квалификациите за Лига Европа, како награда го доби Ливерпул во двомеч во кој наши��т претставник, според очекувањата, беше елиминиран и сега е време да се сврти кон домашната сцена преку која треба да извади нова европска виза за в година. Меѓутоа, сезоната почна под очекувањата. Една победа, еден пораз и едно реми во воведните три кола, неубедлива игра, посебно онаа последната во Тетово прот��в Шкендија по што дебармаалци се наоѓаат на седмото место со четири бода. Загубени се пет, но рано е паника. До крајот на шампионатот има уште 30 рунди, а од таборот на Работнички порачуваат скоро излегување од кризата. Шанса за стабилизирање на курсот вицешампионот ќе има уште попладнево на гости, во меч од шеснаесетфиналето во македонскиот куп против второлигашот Миравци, фаза во која нема поправен (се игра еден натпревар).

„Одигравме катастрофално во Тетово и убедливо загубивме, нешто што ретко му се случува на Работнички. И ние не сакаме така, дај боже да не се повтори“, самокритичен е капитенот Никола Глигоров.

Веднаш по враќањето од Тетово екипата одржа заеднички состанок во кој, покрај играчкиот кадар, присуствуваа и тренерите и спортскиот директор, Игор Ангеловски. Фудбалерите се укорени, но казни, засега нема, барем не парични меѓутоа таквата опција не е исклучена ако попладнево на југот на земјата се случи нов кикс. Дебармаалци се свесни дека ги очекува тежок натпревар, но веруваат дека имаат сили да ја пребродат кризата.

„Точно е дека сме разнишани, но верувам во капацитетите на оваа екипа. Се надевам дека досегашните резултати и игри во првенството нема да се одразат и во купот. Против себе ќе имаме страшно мотивиран противник, помотивиран од Шкендија, за кого денешниот меч е како финале, а дополнителен проблем ќе претставува неподносливо жешкото време. Меѓутоа сметам дека ќе успееме да победиме денеска и да потврдиме дека досегашните игри и резултатите во новата сезона што се под нивото на Работнички се последица на заморот од европските натпревари“, заврши Глигоров.

Двојки за шеснаесетифиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Денеска (17 ч.) играат: Осогово - Превалец, Брегалница 2008 - Охрид Лоте, Локомотива - Беласица, Миравци - Работнички, Охрид 2004 - Силекс, Ринија - Милано, Новаци 2005 - Вардар, 11 Октомври - Скопје, Влазними Трим Лум - Шкендија, Баир Кркардаш - Пелистер, Тиквеш - Дрита, Преспа - Металург, Еуромилк - Напредок, Карбинци - Хоризонт Турново, Каменица Саса - Тетекс, Цементарница 55 - Ренова.


#
Статијата е прочитана 444 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Битолски фудбалски ѕвезди
Бизнисмен од Индија го купува Блекбурн?
Петмина од Интер во трка за фудбалер на годината
Петмина репрезентативци на сослушување
Рајевац останува селектор на Гана за 50.000 евра месечно
Шарапова се откажа од Монтреал
Таткото на Озил тврди
Тијаго од Јуве во Атлетико Мадрид
Сестра му на Бекам на улица, нема за леб
Реина доби конкуренција
Околу половина од играчите странци