Флеш-вести
Шарапова се откажа од Монтреал
Русинката Марија Шарапова нема да игра на Роџерс купот што се игра во Монтреал поради повреда на стапалото, но ќе биде подготвена за УС опен.
Русинката се повреди во неделното финале во Синсинати, во кое беше поразена од Ким Клајстерс во три сета
Формула 1
Пирели почнува со тестирање
Пирели идната недела ќе почне со првите тестирања на пневматиците пред своето враќање во Формула 1 идната година. Италијанската компанија, која ќе го замени Бриџстоун како единствен снабдувач со пневматици на сите тимови во првенството, тринеделната програма на патеката „Муџело“ во Италија ќе ја почне в понеделник.
По „Муџело“ се очекува Пирели да тестира и на патеките во „Херез“, „Монца“ и „Пол Ришар“ пред да се врати на патеката во близина на Фиренца.
Мерцедес
Хајдфелд доби отказ
Тимот на Мерцедес, која оваа сезона дебитира во Формула 1, соопшти дека го раскина договорот со тест-возачот Ник Хајфелд. Германецот кариерата ќе ја продолжи во Пирели, компанија која од идната година ќе произведува гуми за сите екипи ви Формула 1.
Ник Хајфелд има 33 години, а последната трка ја возеше минатата година во Абу Даби. Германецот дебитираше во 2000 година, а беше член на тимовите на Прост, Заубер, Џордан, Вилијамс и БМВ. Во кариерата не успеа да оствари победа, а 12. пати трките ги завршуваше како втор.
Пливање
Фелпс: Имав ноЌна мора
Најдобриот пливач на сите времиња Мајкл Фелпс оваа недела на Панпацифичкото првенство во Ирвин ќе настапи и на 400 метри мешано, првпат по Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.
По освојувањето на рекордните осум златни медали во кинеската престолнина Фелпс реши повеќе да не плива на 400 метри мешано, дисциплина во која се' уште го држи светскиот рекорд, кој никој не успеа да го собори дури и во оние чудесни, денеска забранети пливачки костими.
„Се реши повторно да се обидам на 400 мешано, немам што да изгубам, а вратата никогаш не ја затворив целосно“, призна Фелпс, и додаде:
„Неодамна имав ноќна мора врзана за оваа дисциплина. Никако не успевав да го испливам градниот дел. Се надевам дека така нема да биде и стварноста“.
Најтрофејниот олимпиец на сите времиња (14 злата) во Ирвин (18-22 август) најголем ривал ќе има во својот пријател и сонародник Рајан Лохте, кој го искористи отсуството на Фелпс и го зазема тронот на 400 метри мешано. Неодамна, на првенството на САД го победи Фелпс и на двојно пократката патека, а деновиве се очекува нов голем судир.
Освен на 200 и 400 метри мешано, Фелпс ќе плива на 100 и 200 метри пеперутка. |