Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Битолски фудбалски ѕвезди

Стојковски, Мицевски, Христов, Савевски, Новевски, Милошевски, Канатларовски се само дел од богатото фудбалско подрачје во Битола

Миодраг Мицковиќ

Кога пред неколку месеци пишував за најпознатите фудбалери од Струмица, нарекувајќи го ова подрачје „фудбалски бутик“ на Македонија, спомнувајќи ги имињата на Горан Пандев, Васил Рингов, Благој Истатов, Аце Стојков, Тони Балдовалиев, Благој Георгиев, Атанас и Стевче Грнчаров, Дени Масев и уште многу имиња, кои играат во странство и во најдобрите клубови во Македонија - Вардар, Работнички, Победа, Слога и Силекс, имав многу телефонски јавувања во кој читателите на „Утрински весник“ тврдеа дека многу познати фудбалери потекнуваат и од Битола, предлагајќи да се одигра еден ревијален меч меѓу двете селекции на најдобрите фудбалери на двата града и од помладата и од постарата генерација.

Интересна идеја, интересни фудбалски битолски имиња, кои се најдоа на тој список од околу 50 играчи, репрезентативци на Македонија, фудбалери кои оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Со кое име да почнам, долго размислував. Тешко е да се направи каков било редослед на најуспешните или најдобрите. Да почнам од репрезентативците.

Ѓорѓи Христов играше за многу клубови во странство, почнувајќи од Партизан, англискиот Барнсли, Ден Бош, Најмеген, Цволе, настапуваше во Израел, Азербејџан, Унгарија, Кипар. Митко Стојковски, кој направи блескава кариера во Црвена звезда, го носеше дресот на шпанската Селта од Виго, кариерата ја заврши во Штутгарт. Тони Мицевски играше за Победа, Ханза од Росток, Енерџи Котбус во Германија. Драган Канатларовски, Вардар, Црвена звезда, во Шпанија во Ла Коруња, двапати селектор на Македонија. Тони Савевски по Вардар беше играч број 1 во Грција играјќи повеќе години за АЕК, Николче Новевски, сегашен стандарден репрезентативец на Македонија, кој настапува во Бундес лигата за Мајнц, потоа репрезентативниот голман Томе Пачовски, член на белгискиот Жерминал, кој пред два дена несреќно ја скрши ногата при една интервенција. Тука е и вториот репрезентативен голман Петар Милошевски, кој по одличните одбрани во Вардар бранеше за турскиот Трабзон, во Малатија, сега е во Кипар.

Во таа група на поранешни и сегашни репрезентативци се нао��аат и Горан Ставревски, кој играше во Загреб, потоа во Турција, Петар Георгиевски (Вардар и во Франција), Сашо Здравевски (Силекс, Победа, Слога), Ванчо Мицевски (Вардар, Победа, Силекс), Дејви Главевски (Рад, Вејле во Данска), Благоја Китановски (Раднички (Н), Војводина, Савадел (во Шпанија), тој беше и селектор на младата репрезентација на Македонија.

Многу фудбалери од Пелистер имаат играно за прилепска Победа. Покрај веќе посочените репрезентативци тоа беа: Наумче и Љупчо Љамчевски, Бруно Пресилски (Силекс), Драган Димитровски, Благоја Рутевски, кој има играно и во Португалија, Сашо Ѓоревски, Горан Пашовски, Борче Маневски, Никола Стисниоски, Драган Капинковски.

Дресот на Вардар го носеа голманот Драги Димитровски, Ѓоко Николовски, Томче Трајановски (Македонија), Миле Димов, Методија Таневски, Димче Тристовски, Илир Елмазовски, Зоран Штерјовски (Силекс), Борче Јовановски (Беласица).

Од постарите да ги спомнеме голманот Томе Димитровски (Радички Ниш), Томе Димовски и Ѓорѓи Филипов (ОФК Београд), од помладите Благоја Љамчевски (Металург), Марјан Алтипармаковски (Ксанти, Грција), Кире Ристевски (Елбасан), Горан Ганчев (Железничар, Сараево), Стефан Спировски (Борац, Чачак), Мирко Ивановски (Македонија, Славија (Прага), Арка (Полска), Гоце Тодоровски (Работнички), Дејан Блажевски (Грција), Тони Питошка (Брегалница), Марек (Бугарија), Димче Ристевски (Тетекс).

Во странство имаат играно и Неџат Хусеин (Раднички од Пирот) и во Турција (Есхишехир), Игор Момировски за Тенис Борусија и пред тоа за прилепска Победа.

Можеби оваа потрага по најпознатите битолски фудбалери, прелистувајќи ги веќе пожолтените страни на весниците сум испуштил некое познато име. Верувам дека читателите на „Утрински весник“ ќе ми помогнат да го комплетираме списокот.

И на крај еве го најдобриот, барем, според моето мислење, битолски тим:

Петар Милошевски, Николче Новевски, Митко Стојковски, Драган Канатларовски, Горан Ставревски, Пепи Георгиевски, Благоја Китановски, Неџат Хусеин, Ѓорѓи Христов, Тони Савевски, Тони Мицевски.

Постои и тим Б: Томе Пачовски, Саше Здравевски, Саше Ѓоревски, Пресилски, Драган Капинковски, Ванчо Мицевски, Томче Трајановски, Мирко Ивановски, Дејви Главевски, Гоце Тодоровски, Борче Јовановски.


#
Статијата е прочитана 1265 пати.

Испрати коментар

Од: Pelister
Датум: 18.08.2010 07:34:56
Ama se ubavo ova...istorija...muzej...vosocni figuri...ama sto napravija tie za ovoj denesen siromasen,raspadnat klub koj gi afirmira i koj im dade ime i prezime
Од: Miczo
Датум: 18.08.2010 12:27:34
fala im na site, tie ne raduvaa so godini ...ama sega sto ke ne izraduva, kade e presedatelot na klubot, kade se ckembarite sto go podrzuvaa,sega e pelister pred ispagjanje i raspagjanje a za toa e kriva denesnata uprava i vodacite na ckembarite
Од: Cesnored
Датум: 18.08.2010 15:01:29
@ do Pelister: ovie legendite, so parite koi gi zarabotija vo stranstvo se napravija lihvari i sega cel zapad e pod nivni reket.

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички во потрага по враќање на самодовербата
Бизнисмен од Индија го купува Блекбурн?
Петмина од Интер во трка за фудбалер на годината
Петмина репрезен��ативци на сослушување
Рајевац останува селектор на Гана за 50.000 евра месечно
Шарапова се откажа од Монтреал
Таткото на Озил тврди
Тијаго од Јуве во Атлетико Мадрид
Сестра му на Бекам на улица, нема за леб
Реина доби конкуренција
Околу половина од играчите странци