Брoj 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter


Убиството на Ивана Ходак ја потресе Хрватска во нејзините темели

Хрватска тргнува во пресметка со мафијата

Хрватскиот премиер смени двајца министри во владата по суровата егзекуција на Ивана Ходак

Горан Адамовски

„Три куршуми - чиста егзекуција. По еден во главата, вратот и рамото се обележја на концентриран и самоуверен егзекутор. Ако Ивана Ходак ја убил професионалец, тогаш станува збор за сериозна злосторничка организација, способна да изврши таква задача во центарот на Загреб среде бел ден“, вака криминолозите во Хрватска го коментираат убиството на ќерката на еден од најпознатите хрватски адвокати Звонимир Ходак и поранешната вицепремиерка Љерка Минтас - Ходак. Ова е прво ликвидирање на жена во Хрватска, но вакви егзекуции биле забележани во Русија, Израел, на Сицилија и во Јужна Америка.

„Очекував да ме убијат мене, можеа во секој момент да ме начекаат на улица, но тие знаеја дека вака е многу полошо“, потиштен е Звонимир Ходак, кој пред три години му беше адвокат и на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Раштански Лозја“.

Убиството на 26-годишната млада адвокатка Ивана, ќерка на познатото семејство Ходак, во кое и мајката е адвокат и поранешен висок функционер на владејачката ХДЗ, ја потресе Хрватска. Премиерот Иво Санадер најави „конечна пресметка со мафијата“, најавувајќи антимафијашки закон според примерот на западните земји.

Тој им даде отказ на министрите за внатрешни работи, Берислав Рончевиќ, (на негово место е назначен Томислав Караманко) и за правда, Ана Ловрин (ќе ја замени Иван Шимоновиќ), како и на првиот оперативец на полицијата, Маријан Бенко. Опозицискиот лидер и претседател на СДП, Зоран Миловановиќ, кусо прокоментира дека „Санадер требало да го смени Санадер“, а претседателот Стипе Месиќ го свика Националниот совет за безбедност. Интересно, убиството се случи во момент кога комплетниот државен врв бил надвор од земјата.

Полицијата, и покрај засилените мерки и информативниот разговор со триесетина лица, не знае кој е убиецот на Ходак, застрелана пред зградата во којашто живеела во центарот на Загреб. Сепак, тамошните медиуми најмногу се занимаваат со пораката што сакал да ја остави убиецот. Ивана била примерна ученичка, студентка и девојка. За неколку дена требало да го положи правосудниот испит.

Според медиумите, убиството, најверојатно, е поврзано со минатонеделната екстрадиција од Виена на хрватскиот пе��зиониран генерал Владимир Загорац, обвинет за кражба на дијаманти вредни пет милиони долари за време на војната во Хрватска од 1991-1995 година. Медиумите шпекулираат дека тоа е порака до Загорац да молчи за имињата на сите што се огрешиле пред законот за време на војната кога во Хрватска се слеваа милиони долари од хрватската дијаспора во светот.


Семејството е во шок, а таткото Звонимир изјави дека очекувал нему да му „пресудат“ на улица

Хрватските експерти велат дека „колку и да има луѓе, институции и политика кои би сакале Загорац да проговори, толкав е и бројот на оние што би сакале тој да молчи“. Вака е нанесен директен удар на неговата одбрана, сметаат политиколозите.

Загорац и неговиот адвокат Ходак тврдеа дека Обвинителството нема случај, бидејќи ги нема и дијамантите. Но, според друга шпекулација, Ходак пред неколку дена бил кај државниот обвинител, на кој му посочил три големи имиња, кои профитирале во соработката со Загорац. Интересно, Загорац постојано предупредуваше дека во Хрватска не се чувствува безбедно и дека му се заканува ликвидација. Но, некои шпекулираат дека тука треба да се бара причината за суровата ликвидација: токму Загорац го нарачал убиството на Ивана за да покаже дека во Хрватска не е безбеден!

Загрепскиот весник „24 сата“ објави уште четири можни причини за убиството на Ивана Ходак. Според првата, во прашање е љубовната врска на Ивана со адвокатот Љуба Павасовиќ, чиј клиент е Хрвое Петрач, кој лежи во хрватските затвори поради тоа што пред неколку години го грабнал синот на генералот Загорац за да изнуди пари.

Според втората верзија, Звонимир Ходак, можеби, премногу знаел за набавките на оружје и тајните сметки во време на Татковинската војна. „Трговците со оружје не ги убиваат ’зборувачите‘, туку пукаат каде што боли најмногу - во децата“, пишува „24 сата“.

Третата шпекулација води кон убиство од страст. Ивана Ходак имала голем број љубовни врски и била посакувана меѓу мажите, бидејќи била убава, паметна и богата. Можеби некој од нив не можел да се помири дека не и' е интересен и пожелен, се прашува весникот.

Најмалку веројатна, за весникот, е последната опција, според која, Ивана била жртва по грешка, откако убиецот планирал да ликвидира некој друг станар во зградата, а кога бил виден од девојката, немал избор, па морал да ја застрела.

Вчераутро, во Пула се случи ново убиство, во кое средовечен маж ја застрела сопругата, а потоа себеси. Неколку часа пред да убиена Ходак, младо момче во Загреб и' го одзеде животот на својата девојка, а потоа и самото се обиде да се застрела. Во Хрватска е општа мобилизација за подигнување на безбедноста, а граѓаните во Загреб непрестајно палат свеќи за смртта на 26-годишна недолжна девојка.


Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дружината на Монти Пајтон
Во Охрид почна состанокот на министрите за одбрана од ЈИЕ
Димитров и Протоѓер на средба со Нимиц
Зденко
Претходен број
Црн вторник
Кризата ги мобилизира банкарите
Наставник удрил ученик и му ја скршил раката
Нови трауми за средношколците
Пу, пу, не важи!
Убиецот на командирот од Ваксинце пред суд
Македонска тератологија
Нема веќе пет картички во пет банки
Карикатура
Европските земји се мобилизираат за спас на банкарскиот систем
Двајца Јапонци и Американец го добија Нобел за физика
Verbatim
Бошкоски ќе ја освојува Македонија од Битола
Македонија ќе ги повлече војниците од Ирак во декември