Брoj 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Двајца Јапонци и Американец го добија Нобел за физика

Макото Кобајаши, Тошихиде Маскава и Јоичиро Намбу објасниjа зошто универзумот е од материја, а не од антиматерија

СТОКХОЛМ - Двајца јапонски научници и Американец, роден во Токио, ја добија Нобеловата награда за физика за 2008 година за откритија на субатомски честички, соопшти вчера Комитетот за доделување на наградите.

Нобеловиот комитет ги награди Јоичиро Намбу, американски државјанин роден во Токио, и Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава од Јапонија за нивната одделна работа што помогна да се објасни зошто универзумот е составен главно од материја, а не од антиматерија, преку процес познат како нарушена симетрија. Тие помогнаа да се сфати постоењето и однесувањето на најмалите честички познати како кваркови.

Професорот Намбу од Универзитетот во Чикаго е награден за откритието на механизмот на спонтано кршење на симетријата. Тоа помага да се разбере основата на стандардниот модел на физиката, што обединува три од четирите фундаментални сили на природата: силна, слаба и електромагнетска, оставајќи ја гравитациската. Намбу, исто така, влијаеше на развојот на квантната хромодинамика, теорија што опишува некои интеракции меѓу протоните и неутроните, кои ги сочинуваат атомите, и кварковите кои ги сочинуваат протоните и неутроните.

Намбу дели половина од престижната награда од 10 милиони шведски круни (1,4 милиони долари) со Кобајаши од јапонската Организација за истражување на акцелератори на висока енергија, и со Маскава од Универзитетот во Кјото. Кобајаши и Маскава предложија шест вида кваркови, а сите подоцна беа откриени во физичките експерименти со високоенергетски честички.

„Фактот дека нашиот свет не се однесува совршено симетрично се должи на отстапувањата од симетријата на микроскопско ниво“, соопшти Комитетот. Таа нарушена симетрија овозможува честичките на материјата бројно да ги надминат честичките на антиматеријата. (Ројтерс)




Статијата е прочитана 305 пати.

Испрати коментар

Од: dimitar
Датум: 08.10.2008 00:42:18
E koj e de Amerikanocot? Sto glumite ludilo. Trojca Japonci se.
Од: Goran
Датум: 08.10.2008 10:42:42
Јоичиро Намбу e Американецот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дружината на Монти Пајтон
Во Охрид почна состанокот на министрите за одбрана од ЈИЕ
Димитров и Протоѓер на средба со Нимиц
Зденко
Претходен број
Црн вторник
Кризата ги мобилизира банкарите
Наставник удрил ученик и му ја скршил раката
Нови трауми за средношколците
Пу, пу, не важи!
Хрватска тргнува во пресметка со мафијата
Убиецот на командирот од Ваксинце пред суд
Македонска тератологија
Нема веќе пет картички во пет банки
Карикатура
Европските земји се мобилизираат за спас на банкарскиот систем
Verbatim
Бошкоски ќе ја освојува Македонија од Битола
Македонија ќе ги повлече војниците од Ирак во декември