Брoj 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нема веќе пет картички во пет банки

Банките ги заоструваат критериумите за одобрување кредит или кредитна картичка, а се топат и минусите

Нина Нинеска-Фиданоска

Станува се' потешко да се добие кредит од банка. Се топат и минусите на тековните сметки. Граѓаните се жалат дека добивањето кредит или кредитна картичка веќе е многу понеизвесно отколку претходно. Дел од нив реагираат и дека банките им ги намалиле дозволените пречекорувања на тековните сметки, односно на дебитните картички преку кои ја примаат својата плата.

Некои од банкарите признаваат дека критериумите за добивање кредит или одобрување минус на тековна сметка сега стриктно се почитуваат. Нема веќе гледање низ прсти на клиентите. Во одделни банки условите за заем или се веќе заострени или, пак, ќе се случи тоа во многу скоро време. Речиси е сигурно и дека ќе дојде до зголемување на каматните стапки. Други банкари, пак, велат дека кај нив нема „рестрикции“ и дека тие продолжуваат со истото темпо на кредитирање како и досега.

Најмногу од поплаките се однесуваат на намалување на дозволените пречекорувања на дебитните картички преку кои се прима плата.

„На мојата дебитна картичка имав дозволен минус од две плати, односно околу 32.000 денари. Тој минус преку ноќ се намали на 22.000 денари. Објаснувањето што го добив на шалтер беше дека банката ми го намалила кредитниот лимит, иако се' уште ја земам истата плата. За оваа промена не бев информирана“, вели една анонимна скопјанка.

Главна причина за ваквото затегање е светската финансиска криза, што во цел свет ја зголеми недовербата за доделување кредити.

Ѓорги Јанчевски, прв човек на НЛБ Тутунска банка, објаснува дека во оваа банка засега не е заострено кредитирањето, но сигурно ќе се случи тоа многу скоро. Во банката ќе се зголемуваат и каматите на кредитите. „Мора да се дејствува превентивно и да се оди поконзервативно во кредитната активност. Финансиската криза е светски процес и иако сме на периферија, сепак, цунамито може да дојде и кај нас. Кога граѓаните имаат пет картички во пет банки, тоа значи дека задолженоста е навистина голема. Исто така, банките не може да даваат долгорочни пласмани кога им се краткорочни изворите на средства“, објаснува Јанчевски.

Според него, нормално е да се очекува намалување на кредитирањето, во услови кога во светски рамки практично снемува пари. Многу е битен и психолошкиот фактор, во смисла дали и на кого се одобруваат кредити. Очигле��но е дека пред да избие кризата, некои банки во светот беа многу флексибилни во давањето заеми, но затоа сега ќе биде неопходен конзервативен пристап. „Кризата мора да се почувствува и кај нас, бидејќи ќе се намалат кредитните линии од странство“, смета Јанчевски.

Во Комерцијална банка, пак, велат дека оваа банка ќе продолжи со истата динамика на кредитирање како и досега. „Каква што ни беше политиката на кредитирање досега, така и ќе продолжи. Нема промени“, изјави Маја Стевковска-Штериева, финансиски директор на Комерцијална банка.

Во Стопанска банка објаснуваат дека во оваа банка нема менување или заострување на критериумите за добивање кредит, но дека тие сега стриктно се почитуваат. „Банките при одобрување одреден кредит секогаш прифаќаат одреден ризик. Ги следиме движењата на светските берзи. Моментно нема заострување на критериумите, но стриктно ги почитуваме. Брзината на одобрување на кредитите не е нарушена, па дури перманентно се води сметка таа да се зголеми и да се подобри услугата. Ризикот за банките треба особено да се намали со основањето на кредитното биро, кое се очекува до крајот на годинава“, вели Глигор Бишев, прв човек на Стопанска банка.


Статијата е прочитана 3967 пати.

Испрати коментар

Од: Пу, пу неважи
Датум: 08.10.2008 16:17:04
Каква иронија, па неморале баш на тебе да ти го дадат овој текст да го пишуваш, или можел некој друг да го потпише, вака изгледаш смешна две исти ситуации а два различни става (иако во овој текст не се гледа баш ставот на новинарката-разбирливо). Зошто сега не излезеш со став за заштита на граѓаните кога банките своеволно ги менуваат ...„Денес едно, утре друго. Денес нешто важи, утре пу, пу, не важи. ..“ „...Но, замислете колку непријатно ќе се изненади истиот овој инвеститор кога утредента ќе се разбуди и ќе чуе на вести дека буквално преку ноќ решиле да го променат дозволениот минус...„ СМЕШНО НЕЛИ!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дружината на Монти Пајтон
Во Охрид почна состанокот на министрите за одбрана од ЈИЕ
Димитров и Протоѓер на средба со Нимиц
Зденко
Претходен број
Црн вторник
Кризата ги мобилизира банкарите
Наставник удрил ученик и му ја скршил раката
Нови трауми за средношколците
Пу, пу, не важи!
Хрватска тргнува во пресметка со мафијата
Убиецот на командирот од Ваксинце пред суд
Македонска тератологија
Карикатура
Европските земји се мобилизираат за спас на банкарскиот систем
Двајца Јапонци и Американец го добија Нобел за физика
Verbatim
Бошкоски ќе ја освојува Македонија од Битола
Македонија ќе ги повлече војниците од Ирак во декември