Брoj 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕУ се мобилизира за спас на банкарскиот систем

Мора да бидат преземени сите мерки за да се гарантира стабилноста на финансискиот систем

ЕУ сака и мора да ја врати довербата на штедачите во банките кои се погодени од глобалната финансиска криза, сметаат претставниците на 15 земји-членки на еврозоната кои се собраа во Луксембург за да ја разгледаат рефлексијата на светската криза врз европскиот банкарски систем. Според членките на еврозоната, за таа цел мора да бидат преземени сите потребни мерки за да се гарантира стабилност на финансискиот систем. Како што пренесува Дојче веле, по завчерашната паника во финансискиот сектор, по огромните падови на берзите низ светот и зголемената загриженост за стабилноста на банките по неколкуте државни интервенции за спас на некои финансиски институти, европските земји испраќаат сигнал, целта им е да ги заштитат штедачите.

На состанокот е договорено дека мора да се спречи банкрот на поголемите банки во Европа. Претседателот на оваа група држави собрани во Луксембург Жан Клод Јункер ја пренесе едногласноста на сите земји да се избегне финансиските институти, релевантни за економскиот систем, да дојдат во ситуација на банкрот. Исто така, и шефот на Европската централна банка Жан Клод Трише изјави дека банката ќе пумпа пари во финансискиот систем се' додека е потребно тоа.

Откако повеќе земји од ЕУ, меѓу кои и Германија, најавија државни гаранции за приватните штедни влогови, заклучено е дека заштедите на граѓаните треба да бидат подобро заштитени од досега. Еврокомесарот за економија Жоакин Алмунија најави можност од покачување на границата од сегашните минимум 20.000 евра, кои се загарантирано заштитени ако некоја банка пропадне. Европската комисија подготвува нов предлог за тоа. Според неименувани дипломати, границата може да биде покачена на 100.000 евра.

Засега во ЕУ нема согласност околу формирање заеднички европски фонд за помош на банките за излез од кризата. Италија останува на овој предлог, додека Германија и Велика Британија се против.

Во меѓувреме, британската влада ги продолжува во Лондон преговорите со „некои од водечките“ домашни банки околу тоа како да им се помогне на оние кои веќе побараа интервенција од државата. Во Лондон беше соопштено дека Ројал банк оф Скотланд (РБС), втората по големина банка во Велика Британија, која продолжува да биде најголемиот загубар меѓу домашните банки, и Барклис банка бараат од државата интервенција со 50 милијарди фунти за да се „стабилизира нивното работење“.

Ројал банк оф Скотланд забележа најголем пад на акциите од 40 отсто, Барклис од 15, Лојдс ТБС од 21, а ХБОС, која прва побара и доби спасување со преземањето од страна на помпата Лојдс банка, бележи пад на своите акции за уште 13 отсто. Интернет-банката Ајссеив соопшти дека ги прекинала сите готовински исплати за своите штедачи во земјата откако нејзината компанија-мајка во Исланд беше национализирана од владата во Рејкјавик. Вчераутро со возбудување беше примена веста дека Интернет-банката Ајшејв од Рејкјавик ги запрела исплатите во кеш за британските штедачи откако нејзината мајка-банка беше национализирана од владата на Исланд. Премиерот Харде потврди дека штедачите, вклучувајќи ги и британските, ќе добијат „соодветен надомест“ доколку банкротира банката што ја има создадено Ајшејв.

Американското Министерство за финансии го именуваше поранешниот банкар од инвестициската банка Голдман Сакс Нил Кашкари за шеф на владината економска програма за спас на загрозените домашни банки, вредна 700 милијарди долари, која минатата недела беше усвоена од Конгресот. Зголемените стравувања од продлабочување на глобалната економска криза завчера пред затворањето на Њујоршката берза резултираа со драстичен пад на водечките берзански индекси.

Пред затворањето на Берзата на Волстирт, главниот индекс „Дау Џонс“ се намали за 3,52 процени или 363,35 индекси поени на 9962,03, со што прв пат по четири години падна под 10.000 поени. (Според агенциите)


Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дружината на Монти Пајтон
Во Охрид почна состанокот на министрите за одбрана од ЈИЕ
Димитров и Протоѓер на средба со Нимиц
Зденко
Претходен број
Црн вторник
Кризата ги мобилизира банкарите
Наставник удрил ученик и му ја скршил раката
Нови трауми за средношколците
Пу, пу, не важи!
Хрватска тргнува во пресметка со мафијата
Убиецот на командирот од Ваксинце пред суд
Македонска тератологија
Нема веќе пет картички во пет банки
Карикатура
Двајца Јапонци и Американец го добија Нобел за физика
Verbatim
Бошкоски ќе ја освојува Македонија од Битола
Македонија ќе ги повлече војниците од Ирак во декември