Папата Бенедикт ќе оди на гости во Хрватска
(17.11.2010г.-09:33ч.) Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе ја посети Хрватска на 5 и 6 јуни следната година. Притоа, тој ќе се помоли на гробот на кардиналот Алојзие Степинац, кого католичката црква го прогласи блажен пред повеќе години, а католичката црква во Хрватска настојува да биде прогласен за светец. Трошоците за шосетата на Папата ќе ја чинат Хрватска околу четири милиони евра. Инаку, ова е прва посета на Бенедикт Шеснаесетти на Хрватска, додека неговиот предходник, Јован Павле Втори двапати беше гостин во оваа земја.
|