Број 3433  вторник, 16 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Импотентна дипломатија

Љупчо Поповски

Што ќе направи сега претседателот Ѓорге Иванов? Ќе ја викне ли госпоѓата Деирдре Бојд, координарорка на Обединетите нации во Скопје, на рапорт, како што се обиде да направи со Ерван Фуере, и да ја искара затоа што го снемало македонскиот јазик од регистарот на светската организација? Или можеби ќе се одважи да направи уште посилен чекор – да ги викне амбасадорите на петте постојани членки на Советот за безбедност, да удри на маса и да рече – вака веќе со Македонија, земјата на апостол Павле, не може.

Од МНР ќе стигне уште едно херојско соопштение, како она од викендов – дека „нема да им успее на грчките дипломати да го избришат македонскиот народ и јазик – само ќе направат за нас повеќе да се дознае и во ОН“. И, ќе се подготви за уште една грчка офанзива, а можеби и десант. Не знаевме дека малку знаеле за нас на Ист ривер и сега со новите херојски подвизи ќе сме се покажеле кои сме и што сме. Па ќе може да се свртиме повторно кон „надежта“ на Б.Ц. и кон сите успеси што успеваме да ги најдеме во извештајот на Брисел.

Но, Иванов сигурно нема да го направи тоа што мора – да го викне на рапорт амбасадорот на Македонија во Обединетите нации (кому речиси ниеден политичар во Скопје не му го знае името) и добро да го искара, затоа што не знае што се случува во организацијата во која ја претставува земјава. Може да се претпостави што ќе му одговори амбасадорот – Слободан Ташовски е неговото име – и веројатно тогаш ќе ги прочитаме првите реченици од човекот, кој како persona incognito се движи по ходниците на стаклената палата во Њујорк.

Знаат ли воопшто Иванов, Груевски и Милошоски што се случува во оваа тешка битка околу името на дипломатските полиња? Таа веќе неколку години не ја водат надвор, во светот, туку дома, по ораниците, спортските сали и по тениските игралишта. Со лесно изговорените патриотски флоскули се скрива неспособноста на една цела структура да погледне подалеку, да помисли подлабоко, да предвиди посуптилно.

Антонио Милошоски веќе може да ги собира лаврите за најдолговечен македонски шеф на дипломатијата во чии време отидовме најназад во спорот со Атина. Би можеле да направиме и квиз дали некој ќе се сети за некој негов настап што оставил белег во министерските години – и тогаш ќе го добиеме одговорот што е клучот за оваа импотентна дипломатија: освен партизирање по сите нивоа, нема да се сетиме за ништо друго.

Можеме да го прашаме Милошоски дали рекламните кампањи на Владата, како што е „Ти си Македонија“, му ги прикажувал на дипломатскиот крем во Њујорк или дали при следното одење во Америка ќе носи маичка со која ќе не' подготвува за нашето Ватерло откако отворивме фронт со сите меѓународни организации.

Нашите патриотски политичари откако ја сплетоа античката пајакова мрежа за идентитетот, сами се вплеткаа во промашената стратегија и сега не знаат како да се извлечат од неа. Ако мислат дека петицијата до УНЕСКО што толку огнено ја најави Лилјана Поповска ќе биде нивниот маестрален талјеранов потег се во страшна заблуда. Со наивни претстави за домашната публика не се добиваат битките каде што се најважни компетентноста и умешноста. Но, што да се очекува од групата, која аматерски свири веќе четири и пол години и која ги знае само рефрените за настаните пред 15 години.

Во оваа парада на кичот кога почетници стануваат стратегиски мајстори, кога по амбасадите се праќаат почетници што немаат никакви контакти ниту ја разбираат работата за која се испратени, кога тие исти аматери пишуваат одлични пропагандни извештаи што треба да ги разгалат шефовите во централата во Скопје - ќе се случуваат вакви работи со јазикот, идентитетот или името како на филм. Па дури и во ситуации како онаа кога го почнавме претседавањето со Советот на Европа. И после ќе се обидуваме поразите да ги претвораме во победи. Наивно и аматерски.


#
Статијата е прочитана 1845 пати.

Испрати коментар

Од: krste
Датум: 16.11.2010 12:33:44
Koga ne decurlana mu davas drzava da vodi..... i ova sto ostana e mnogu........Kaj e Aleksandar Od Triangla da komentira so crnite bumbari???? I za ova li mu e kriv B.C.????????????????/
Од: Nikola-Germanija
Датум: 16.11.2010 12:52:08
Bivsiot MK-ambasador vo Belgrad,Risto Nikovski,najubavo ja opisa rabotata,deka vo politikata,pogotovo vo Diplomatijata,nema nisto slucajno."Najdenoto" resenie vo UN-Registarot spored mene ke bide i ramkata za resenieto:"Macedonian (of Republic of northern/ Vardar Macedonian)".Najdobro bi bilo "Nova",no toa e moja licna zelba. Ako MKskata vlada ocekuva javnosta da i "aplaudira" za nejzina intervencija,togas ne ja razbra nejzina osnovna zadaca:Tokmu da gi brani Makedonskite nacionalni interesi vnatre i nadvor od MK-so drugi zborovi: Drugo i ne ocekuvam od edna vlada; taman rabota,ako ne ke bese taka.... A tn. DPMNE-Eksperti vo MNR pak polovicno si zavrsija rabotata:Vo grafata za "nacijata" pak ja nema pridavkata "Macedonian". Nisto, so ova vlada MK od den na den se poeke tone...najdobro za sudbinata na MK e ucestvo na SDSM vo vlasta ili DPMNE dobrovolno i posteno da si dade ostavka i vladeenjeto da im go prepusti na tie, sto umeat!
Од: Hari
Датум: 16.11.2010 13:01:41
Problemot so imeto i identitetot ce go resi ovcarot vo Oblesevo, igrajki fudbal na mali golcinja i so gromoglesen aplauz od lokalnoto naselenie, i so izjava pokraj kontejner vo Dracevo. Identitetot ce ni go smenat tokmu decata od najpatriotskata vlada. Pola milion ziteli toa go baraa.
Од: tomevski_sk
Датум: 16.11.2010 13:04:53
ako prodolzat so vakov uspeh i strategija da gi branat nacionalnite atributi na idnata vlada ke i ostavaat narod so palecot vo usta, falsifikuvan identitet za remont(anticko-luzerski) i ime za gordost(FYROM)
Од: до авторот
Датум: 16.11.2010 13:49:40
Љупчо бе ! Толку војводско име имаш, а толку неуко си плескаш по весников. За името на земјата се води борба, разбираш ? А во борбата противникот - се бори. Во борба противникот може и да ни зададе удар, еве на пример како ова со ОН. Ако бидеме удрени во борбата не значи дека сме килави и дека завршува борбата. Исходот од борбата е тој што ќе каже. Е мој љуБчо со војводско име, јаки фајтери сте ми ти и војводата...еден удар и веднаш би се предале, а ?
Од: Жарко,Ресен
Датум: 16.11.2010 14:37:08
До оној кој само преку името на дискутантот дознава дали еден човек е патриот или не е.Користејќи го неговиот жаргон,на еден боксер кој постојано губи борби во ринг,по одредено време му откажуваат спонзори,на публиката не му е омилен повеќе,никој не сака да се слика со него и тн.Во нашиов случај тепаниот повторно и повторно се праќа во рингот и повторно по којзнае кој пат јаде ќотек.Меѓутоа во последно време неговите болки ги чувствуваме и сите ние и го замолуваме да се повлече и да се проба во нешто друго.Има мал милион работи кои може да ги прави во животот.
Од: karokan "gambit"
Датум: 16.11.2010 15:11:52
G-dine "do avtorot" od kade najde deka Ljupco e vojvodsko ime.Mozebi ima,no ete jas ne sum slusnal,mozebi ce mozes da mi ponudis i nekoja pesna sto vospeva vojvoda so takvo ime.Ili pak ti sam si gi opredeluvas vojvodite.Vo tekstot velis deka za imeto se vodi borba.Kakva borba???? Kade ja vide taa borba???Mozebi vo intervjuto na ministerot za nadvoresni raboti na kombiniran (bugarsko-makedonski0 jazik.Mozebi na maickata na negovoto dete so sonceto od virgina!!!!!!!!!!!!!!! Kakva e taa borba,g-dine za identitetot i jazikot, koga toj sto e najzadolzen za borbernata strategija za ovie prasanja,samiot ne go priznava jazikot!!!!!!!! Avtorot na edno mesto veli:"..najdolgovecen sef na makedonskata diplomatija vo cie vreme otidovme najnazad vo sporot so Atina".Da,tocno e,no ne sum siguren dali ne otide najnapred negovata prikriena agenda-da se istopi ovoj identitet i jazik?????????
Од: Apel n RM PEN centar
Датум: 16.11.2010 15:28:43
- Имајќи ги предвид одредбите од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации (ОН); , особено членовите 2 и 4 од Повелбата;- потсетувајќи на Резолуцијата 113/II на Генералното Собрание на ОН од 1947 година, со којашто се бара мислење од Меѓународниот суд за правда за законитоста на условите за прием во ОН кои не се изрично содржани во член 4 од Повелбата на ОН; потсетувајќи на Резолуцијата 197/II на Генералното Собрание на ОН од 1948 година, според којашто се прифаќа Советодавното мислење од Меѓународниот суд за правда од 28 мај 1948 година ; П.Е.Н Центар апелира до Претседателот на Република Македонија, и до Претседателот на Владата на Република Македонија да ги преземат неопходни дипломатски и процедурални мерки за да се започне постапката за преиспитување на законитоста на Рез. на Генералното Собрание на ОН од 1993 година со којашто РМ е примена во ОН, во делот кој се однесува на привремена референца и обврската за преговори со друга држава за сопственото уставно име!
Од: јас
Датум: 16.11.2010 17:22:16
Со онолку НЕПИСМЕНИ ПРАТЕНИЦИ како г-ѓата Лилјана од пред некој ден на ТВ , каде што огнено ни кажуваше дека ќе поднесела тужба до УНЕСКО (??????) , далеку ќе ја дотуркаме !!!Какво црно УНЕСКО..Знае ли таа г-ѓа за што е УНЕСКО или само тропа на ТВ ( впрочем како и нејзините портокалови колеги ) ??? Од вакви неписмени политичари Македонија нема уште долгои глава да крени !!
Од: Трене
Датум: 17.11.2010 08:31:23
По погрешните плукате. Плукате и им врзвате рацете да се борат. Плукајте по оние кои влијаат, притискаат и лажат за обезличување на етничките Македонци, по оние кои дискриминираат и Македонците не смеат слободно и јавно насекаде да ја негуваат својата култура за таа што е. При соработка на сите, се повеќе од оние кои немаат информации за Македонците ќе ги добиваат. Светски политичари им е полесно да носат одлуки во корист на грција поради тоа што ретко кој притиска во друга насока, светската јавност не знае дека Македонците се дискриминирани, а тие што нешто знаат слушнале само дека нова нација сака да носи име кое му припаѓа на грција. Плукајте по дискриминаторите, не дискриминираните.
Од: Vuk
Датум: 17.11.2010 09:52:41
За да не се понови истото треба Р.Македонија. Да поднесе тужба до Меѓународниот суд за правдата против ООН за сторената штета против Македонија. По добиената пресуда - сигурно ќе биде во наша корист, да се поднесе поново Тужба во согласност со Кршењето на Повелбата на ООН извршена на приемот на РМ во ООН. Само со ПРАВНА ПОБЕДА и нејзиното докажување може Македонија да си го врати своето Вековно и Уставно име.

Најди! во Утрински
Насловна
Ветар однесе параглајдерист во смрт
Тиквешански
Добриот глас се слуша и во Холандија
Се вадат сите резерви пари за да се плати струјата
Идентитетот на „војводата“
Најдобро изгледам по секс
Сомнителни попови кај г.г. Стефан
Во Белизе запленети два тона кокаин
Кабелските зборуваат на сите јазици, освен на македонски
Македонскиот ќор-сокак
ВМРО-ДПМНЕ е три години потстанар во музејот на Теодосиевски
Младите фудбалери го победија Мали
Од Брза помош ќе советуваат по телефон?
Карикатура
Колерата и натаму коси на Хаити
Стил
Папата Бенедикт ќе оди на гости во Хрватска
Скопје го стресе послаб земјотрес
Албанските гастарбајтери ја затворија славината
Царината се поднови пред Нова година
Македонскиот јазик се врати во ОН
 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end