Кортни Лав
Најдобро изгледам по секс
Кортни Лав, вдовица на фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн, уверена е дека посебно зрачи со убавина откако ќе се задоволи меѓу чаршафите. „Најдобро изгледам по добар секс“, изјавила за британскиот „Ел“ 46- годишната музичарка, која особено ужива во водењето љубов. Но, признава дека не е една од оние што сакаат секс за една ноќ, зашто тешко ги разделува емоциите од сексот.
„Не сум добра во случаен секс, плетење, шиење, откажување од пушење и изигрување на личност тешка за освојување“, признала Кортни, која моментално е во врска со хотелиерот Андре Балзас. |