Број 3433  вторник, 16 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Поглед

Идентитетот на „војводата“

Оливера Војновска

Македонско-грчкиот спор не е проблем на Мендух Тачи и на неговата ДПА. Деновиве, Тачи веројатно во наплив на искреност и во комбинација со невидена политичка мудрост ќе извика: „Ич не не' интересира проблемот со името!“ Лидерот на ДПА и досега не криел дека е нешто посебно заинтересиран за прашањето на името на државата. Но, барем не го нагласувал тоа.

Сепак, Тачи има објаснување зошто името на државата е надвор од неговата сфера на интереси. Тој е индиферентен спрема ова прашање, бидејќи, според неговиот резон, тоа е проблем само на Македонците. И воопшто не му е јасно зошто Македонците бараат тој да се солидаризира со нив и да се грижи дека некој сака да им го уништи идентитетот! Кога тие исти Македонци, вели Тачи, „секојдневно, почнувајќи од устата на премиерот, па до обичниот Македонец, мене ми го уништуваат идентитетот со зборовите: македонска држава, македонска култура, македонска армија“.

Постојаната употреба на придавката „македонски“ оставила толку длабоки траги врз националниот и културниот идентитет на „војводата“ Тачи, што тој е комплетно индиспониран. Па, излезот од фрустрирачката позиција го гледа во дистанцирање од проблемот со името.

Но, прашање дали тој може да го игнорира дводеценискиот спор со јужниот сосед како воопшто да не постои. Кога токму поради нерешавањето на овој проблем сите македонски граѓани, вклучително и Албанците, се заглавени пред пред портите на НАТО и на ЕУ. Само, изгледа на Тачи му е полесно се однесува како да живее во друга држава и како неговата ДПА да не им се обраќа на Албанците во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга... Или, можеби, сепак, има резервна опција.


#
Статијата е прочитана 3675 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.11.2010 12:27:15
Браво за Тачи тој е прав Политичар,Кој барем е искрен и многу попоштен од Македонскиве Политичарчина кои повеќе ги интересират Тендери,Споменици,лапачки.
Од: Vlado
Датум: 16.11.2010 13:05:47
Zatoa Tachi ke se vrati na vlast znaete koga na sveti nikat.
Од: zapev
Датум: 16.11.2010 14:20:35
makeeonija e edinstvena zemja vo svet kade politicar i toa lider na partija otvoreno vika nego interesira kako mak se/ce vika i ne doadja vo parlament a prima plata kako pratenik,toa niedna zemja vo eu i svet na bi dozvolia.
Од: Apel na Makedon. PEN Centar
Датум: 16.11.2010 15:25:28
- Имајќи ги предвид одредбите од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации (ОН); , особено членовите 2 и 4 од Повелбата;- потсетувајќи на Резолуцијата 113/II на Генералното Собрание на ОН од 1947 година, со којашто се бара мислење од Меѓународниот суд за правда за законитоста на условите за прием во ОН кои не се изрично содржани во член 4 од Повелбата на ОН; потсетувајќи на Резолуцијата 197/II на Генералното Собрание на ОН од 1948 година, според којашто се прифаќа Советодавното мислење од Меѓународниот суд за правда од 28 мај 1948 година ; П.Е.Н Центар апелира до Претседателот на Република Македонија, и до Претседателот на Владата на Република Македонија да ги преземат неопходни дипломатски и процедурални мерки за да се започне постапката за преиспитување на законитоста на Рез. на Генералното Собрание на ОН од 1993 година со којашто РМ е примена во ОН, во делот кој се однесува на привремена референца и обврската за преговори со друга држава за сопственото уставно име!
Од: mihajlo
Датум: 16.11.2010 15:35:09
Po se izgleda deka novinarkava ne go razbira Taci Vojvodata.Imeto vojvoda mu go nadenaa VMROVCITE i toj toa go iskoristi vo period koga toa mu bese potrebno.Prasuvas zasto Taci ne se interesiral za imeto Makedonija.Pravo da ti kazam ako po nekoja slucajnost ,kako sto e toa,sum od Vitina -Kosovo,bi te prasal sto e toa sto me povrzuva so toa ime.Negovoto javno iznesuvanje e samo doblest na negovata opredelba deka toj e ist ili slicen kako Grcite koi sakaat ova ime da se izbrisi od svetskata karta.Od 2001 godina pa navamu albancite vo Makedonija voopsto ne se osecaat kako makedonski gradjani.Da,tie ziveat tuka i tuka i ce ostanat,so nadez i verba deka imeto na ovaa drzava nema da bide kako denesnovo.Mene ova mi e kristalno jasno,pa zatoa i prasuvam dali i na novinarkava toa i e jasno za da zeme da pisuva poobjektivni napisi koi se odraz na realnosta.Jas ne go "mirisam' Ljubco,no toa e vistina,ne sakavte podelba,sega ucete albanski.
Од: 3G
Датум: 16.11.2010 16:18:43
Cesno od strana na Taci. I jas ne bi sakal da se mesam vo albanskite raboti. Toj so negovata partija gi postavija fundamentite na makedonsko albanskite etnicki odnosi vo Makedonija i go nadminaa razornoto dejstvo na istite antimakedonsko-antialbanski i antidrzavni praktikuvani od sdsm i DUI, no vo idnata vlada moze da participira bilo koj od nivna strana bidejki i taka toa ne e zakonska i demokratska obligacija za pobednikot. Cesno e da se raboti za svojot narod(zab.moja)!
Од: јас
Датум: 16.11.2010 16:41:56
Па кога врвот на државата не ја интересира „македонски “ во сите свери на оваа држава ( ни го сменија јазикот и др. во ОН, исто и во извештаите од ЕУ изминативе 4 години ) , зошто па „војвода “ тачи би го интересирало тоа..Тој барем на цел глас „машки “ го кажува она што сите во влада , тргнувајќи од премиерот , па надолу , па се’ до последните изроди што се продадоа за блгарско паспортче....
Од: Сергеј
Датум: 16.11.2010 20:12:05
Господинот Мендух, кој толку време беше власт во Македонија, очигледно таа иста Македонија не ја доживува како своја држава, штом така му го „уништува“ идентитетот. За која држава се бори тој? Оваа власт нека се зафати со вистинските државни непријатели наместо да го мие мозок на граѓаните измислувајќи „државни непријатели“ во редовите на опозицијата. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Romantiucarsko patriotska zanesenost
Датум: 16.11.2010 20:43:10
Ovie od makedonskiot PEN centar se epten zabegani. Baraat da se preispira Rezolucijata za priem na Makedonija pod akronimot FYROM vo ON i toa pred Generalnoto sobranie. A znaete kako ce pominete sega. ? Ponovo ce ni go izbrisat jazikot i uste povece ce ja zakaskate rabotata. Bez kompromis nema resavanje na problemot i atoa ne go zamajuvajte i zalazuvajte ovaj macen narod. Slicno ce pominime i so tuzbata pred Medjunarodniot sud, i samo ce ja dokomplicirame sostojbata. No koga te vodat neiskusni deca i romanticarsko- patriotski znnesenjaci. mozes sesto da ocekuvas.
Од: Трпе
Датум: 16.11.2010 23:25:13
Што да очекуваме од еден албанец во земја каде има власт која шири лажен патриотизам.Дали заборавија овие кои се на власт ,кои мочкаа од радост кога на нивни конгрес учествуваше Некој си албанец војвода.Сигурно јас на овој човек не го нареков војвода.Во Македонија за интерес секој ке се именува војвода.Од сонцогледи што може друго да се очекува.За пари се работи.
Од: Dimitar
Датум: 17.11.2010 00:51:40
Nemam komentar no imam krupna zabeleshka. Menduh Tachi vo nikoj sluchaj ne mozze da se nareche vojvoda, zashto vojvodite se tituli vo risjanskiot svet, kaj komitite i sl.

Најди! во Утрински
Насловна
Импотентна дипломатија
Ветар однесе параглајдерист во смрт
Тиквешански
Добриот глас се слуша и во Холандија
Се вадат сите резерви пари за да се плати струјата
Најдобро изгледам по секс
Сомнителни попови кај г.г. Стефан
Во Белизе запленети два тона кокаин
Кабелските зборуваат на сите јазици, освен на македонски
Македонскиот ќор-сокак
ВМРО-ДПМНЕ е три години потстанар во музејот на Теодосиевски
Младите фудбалери го победија Мали
Од Брза помош ќе советуваат по телефон?
Карикатура
Колерата и натаму коси на Хаити
Стил
Папата Бенедикт ќе оди на гости во Хрватска
Скопје го стресе послаб земјотрес
Албанските гастарбајтери ја затворија славината
Царината се поднови пред Нова година
Македонскиот јазик се врати во ОН
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region