Број 3433  вторник, 16 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Од Брза помош ќе советуваат по телефон?

Со новиот начин на плаќање што го заговара ФЗО, лекарите ќе штедат, а помалку ќе излегуваат на терен

Јасмина Јовановска

Лекарите од Итната медицинска помош место да им укажуваат прва помош на болните ќе им бајат. Со новиот начин на финансирање што го заговара Фондот за здравствено осигурување лекарите ќе бидат принудени да штедат, па повеќе ќе делат совети по телефони, а помалку ќе излегуваат на терен. Со новиот модел на плаќање на Брза помош, кој, како што дознаваме, се планира да стартува во мај в година, се предвидува место по дадена здравствена услуга, Службата за итна медицина да добива месечна квота по бројот на медицински тимови. Според сегашните пресметки, еден медицински тим ФЗО ќе го плаќа по 124.000 денари месечно, средства со кои ќе треба да се намират платите на возачот, на медицинската сестра и на лекарот, трошоците за бензин и за амортизација на возилата, како и ампуларната терапија за болните. Новините во плаќањето во петокот им биле соопштени на управителите на здравствените домови.

Со месечната квота што ФЗО ја определил да му ја додели на еден медицински тим, кога ќе се покријат трошоците за плати и за бензин, речиси нема да останат пари за лекови, реагираат лекарите. Во скопската Служба за итна помош, септемвриската исплатена плата на возач е 27.000 денари, на медицинска сестра со дежурства е 36.000 денари и на лекарот е 44.000 денари. „Само да се поделат парите за платите, од дадените 124.000 денари ќе останат 17.000 денари. За што попрво, за бензин или за лекови“, па лекарите прашуваат со што ќе ги лекуваат итните случаи, кај кои здравствената состојба не дозволува одложување. Или, пак, поради ограничените средства ќе бидат принудени да штедат лекови.

„Со плаќањето по медицински тимови, што е меѓународно искуство, нема намалување на средства, туку напротив ФЗО ќе го зголеми буџетот за Брза помош“, тврди портпаролот на ФЗО, Бранко Аџигогов. Така, на пример, Берово, кое сега добива 2,3 милиони денари, со плаќањето по тимови ќе добива 5,7 милиони денари за итна помош или, пак, на Тетово место сегашните 11,8 милиони денари, ќе му се плаќаат 18. Намера на Фондот е да се развива итната медицинска помош што била укината во внатрешноста.

За сметка на развивањето на итната помош во внатрешноста, најверојатно, ќе настрада Службата во Скопје. Сега еден реализиран повик ФЗО го плаќа 1.200 денари, или месечно, ако во просек има по 80 повици дневно, добива околу 2,8 милиони денари. Со новиот начин на плаќање скопската Итна служба ќе добива двојно помалку пари. Сега во скопската Служба има десет тима, ако секој тим се плаќа по 124.000 денари, значи, месечно ќе добива околу 1,2 милиони денари. Од Фондот, пак, велат дека месечната квота е доволна за сите трошоци и не може да се случи да снема пари зашто пресметките се направени врз основа на анализа на досегашната потрошувачка на бензин и на ампуларна терапија на скопската Служба. Но, на новинарската забелешка дека обемот на работа не е ист на скопската и на која било друга итна служба во земјава, а ќе добиваат иста квота по тим, портпаролот Аџигогов вели дека сите тимови не работат исто, а сумата од 124.000 денари е земена како просечна сума и е во работна верзија. Тој не одговори што ќе се случи во случај ако се надмине сумата од 124.000 денари, дали Брза помош ќе генерира долгови или ФЗО ќе одобри финансиска инјекција.

Фондот, пак, излезе со свои математики. Според ФЗО, ако се исплатат платите, за бензин и за лекови ќе останат околу 33.000 денари, не 17.000 денари. Сумата е доволна ако се знае дека лековите се набавуваат централно.


#
Статијата е прочитана 1014 пати.

Испрати коментар

Од: no name
Датум: 16.11.2010 14:54:33
како е можно да има толку големи разлик во платите помеѓу едни и други служби , а сите се во исто, јавно здравсво... Во Скопје "возач е 27.000 денари, на медицинска сестра со дежурства е 36.000 денари и на лекарот е 44.000 денари" , а додека во другите места е поинаку. Доктор во Итна медицинска помош во Прилеп зема плата колку скопск��от возач.... Ова не е само така кажано, туку е толку.. Ако не верувате слободно да проверите....
Од: јас
Датум: 16.11.2010 16:57:51
„Во скопската Служба за итна помош, септемвриската исплатена плата на возач е 27.000 денари, на медицинска сестра со дежурства е 36.000 денари и на лекарот е 44.000 денари„ БРАВО БЕ !!!Абе возачов од скопска брза помош зема пари малку повеќе од лекар од ИМП од Прилеп..Господ да чува и да брани..Да не има случајно завршено медицински факултет ....А сестрата пак зема колку специјалист од болницата од Прилеп.. ШТО Е МНОГУ МНОГУ Е !! Или овие од „провинција“ не се тим од медицинска помош , тие не спасуваат човечки животи ?????
Од: anonimna
Датум: 16.11.2010 18:14:25
Ova e bruto platata na lekarite ,sestrite i soferite.Sigurno eden opsti lekar ne e platen 44000 denari
Од: od mene
Датум: 16.11.2010 18:31:52
Do koga kancelariski "strucnjaci" i partiski "decinja" ke gi krojat reformite vo zdravstveniot sistem ? Do koga so eksperimenti vrz grbot na zdravstvenite rabotnici ,no posredno i vrz celiot narod.Neznaenje li e vo prasanje, nemanje opstestvena svest i sovest ili mozebi nekoja druga "agenda" e vo prasanje.
Од: Паталец
Датум: 17.11.2010 00:43:48
Службата за итна помош во Скопје е и сега катастрофа, а дали поради парите или нешто друго, тоа не знам. Таква нељубезност немаме доживеано на ниту едно друго место. На повик кога член од семејството е во толку лоша состојба што сигурно не може да оди, женскиот глас на телефон со многу непријатен и зајадлив тон буквално вика: „Самите однесете го... Што му е, да не е парализиран па не може да оди!“ Така што во иднина не дај Боже да затреба се надевам некоја од приватните служби може да се повика зашто ако некому му е мил животот подобро да не ни врти на 194.
Од: ***
Датум: 17.11.2010 09:37:34
Што бруто- нето, платата е она што конкретно ќе се добие за трошење... Или со тоа бруто-нето само ги замајувате луѓето и ги лажете за тоа дека докторите се добро платени... Да не имаат малку малку години потрошени за школување и никаква одговорност??А за вработување и напредување- специјализација? Само ако имате книшка и никако поинаку.... Во Прилеп два-тројца вчера, завчера дипломирани бугарски џаци го дрмаат цел град....Е затоа здравството ни потона.И не само здравството, ни потона цела држава... Само жално е што сето тоа се прекршува на здравјето и животот на обичниот човек...Затоа ни умираат родилки и бебиња како да сме во 19 век, болниците личат на се друго, но најмалку на болници, има повеќе болничари и стражари отколку доктори и сестри. Тримир реформи во здравството, една промена, трае три дена па друга, па трета и се така додека се уште има што да се доуништи..И во сите сфери е така.. А сме имале позитивен извештај и напредок... ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Импотентна дипломатија
Ветар однесе параглајдерист во смрт
Тиквешански
Добриот глас се слуша и во Холандија
Се вадат сите резерви пари за да се плати струјата
Идентитетот на „војводата“
Најдобро изгледам по секс
Сомнителни попови кај г.г. Стефан
Во Белизе запленети два тона кокаин
Кабелските зборуваат на сите јазици, освен на македонски
Македонскиот ќор-сокак
ВМРО-ДПМНЕ е три години потстанар во музејот на Теодосиевски
Младите фудбалери го победија Мали
Карикатура
Колерата и натаму коси на Хаити
Стил
Папата Бенедикт ќе оди на гости во Хрватска
Скопје го стресе послаб земјотрес
Албанските гастарбајтери ја затворија славината
Царината се поднови пред Нова година
Македонскиот јазик се врати во ОН
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region