Колерата и натаму коси на Хаити
(17.11.2010г.-09:37ч.) Над 1.000 луѓе во Хаити починаа од колера, соопштија тамошните власти, но хуманитарните организации во таа земја сметаат дека оваа бројка е премала и воопшто не ја изразуваат вистинската слика. Жителите на Хаити сметаат дека болеста ја донеле припадниците на мисијата на Обединетите нации, заради што организираа протести во северниот дел од земјата. Мисијата на ОН, пак, отфрла било каква одговорност за појавата на епидемијата.
|