Број 3433  вторник, 16 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Ветар однесе параглајдерист во смрт

Во несреќа на Скопска Црна Гора загина 47-годишниот пилот Славе Герасимовски

Горан Адамовски

Турбуленции во воздухот на Скопска Црна Гора однесоа во смрт 47-годишен параглајдерист. Скопјанецот Славе Герасимовски (47) го загуби животот откако падна од висина од 60-70 метри. Според првичните информации од истрагата, во еден момент при летот параглајдерот се затворил, а резервниот падобран не се отворил, бидејќи искусниот пилот летал ниско.

Драмата со трагична завршница се случувала во неделата околу 13,30 часот на падините на Скопска Црна Гора, поточно кај месноста Рамно - Црн Камен. Десетина члена на параглајдерскиот клуб „Вертиго“ од Скопје уживале во својата пасионираност кон летањето на една од вообичаените локации во околината на градот, кои често ги посетувале.

„Времето беше сончево, па се собравме како и секој викенд“, велат членови на „Вертиго“. Но, ветерот се засилил, почнале да се чувствуваат турбуленции во воздухот и набргу се случила трагедијата.

„Поради турбуленции, во еден момент параглајдерот на Герасимовски се затворил и тој паднал од височина од 70-ина метри на непристапен терен“, велат од полицијата.

Останатите пилоти се обиделе да го реанимираат Герасимовски, а по половина час на помош пристигнал и полициски хеликоптер, како и алпинистички тим. Параглајдеристот бил пренесен во Ургентниот центар, но повредите со кои се здобил биле смртоносни.

Во „Вертиго“ се шокирани од смртта на својот долгогодишен член и еден од поискусните параглајдеристи. Како што велат, нивниот Чавка бил голем хуманист, кој несебично им помагал на сите. Како и зошто се случила несреќата - велат дека ќе кажат истражните органи. Но, зошто не се отворил резервниот падобран, кој е задолжителен при секој лет?

„Веројатно, затоа што Славе летал на висина од 60 до 70 метри, а падобранот се отвора при минимум 150 метри висина“, објаснуваат од „Вертиго“.

Познавачите на овој спорт велат дека станува збор за „еден од најлесните и наједноставни начини да се оствари сонот за летање“. Како причина за тоа се наведува фактот што овој спорт не бара премногу финансиски средства, но шансата за самостојно полетување е и голем ризик. Летот може да потрае и неколку часа, поради што пилотот задолжително мора да носи кацига, соодветен комбинезон, обувки и разни кремoови. Потребни се долги теоретски и практични часови, но се случува и на најискусните пилоти да им биде загрозен животот.

„Поради малата брзина на летот, секоја промена на ветрот и турбуленција може да ја загрозат безбедноста“, укажуваат параглајдеристите.

Во изминатите години во земјава се случија неколку параглајдерски несреќи.

Кон крајот на август 2008 година, во водите на Охридското Езеро загина параглајдерист од Србија. Еден месец претходно 60-годишен параглајдерист од Финска загина при лет на 1.420 метри надморска височина во близина на Прилеп, кога најпрво удрил во карпите, потоа во грмушки и на крајот паднал врз земја. Во 2006 година прилепчанец загина на меѓународно првенство во дисциплината прецизно слетување.

Лани едно дете беше полесно повредено, а параглајдерист од Русија ја скрши раката при слетување во кампот „Љубаништа“. Детето од Радовиш беше повредено при слетувањето на група руски параглајдеристи кога крилото на еден параглајдер го закачи момчето, нанесувајќи му гребаниции по телото. Само пет минути подоцна, на истото место друг параглајдерист од Русија при слетувањето се соочил со проблеми, при што паднал и се здобил со скршеници на раката.


#
Статијата е прочитана 3741 пати.

Испрати коментар

Од: Tanja
Датум: 16.11.2010 12:06:05
Slave bese golem entuzujast. Strasta kon letanjeto bese pogolema od nego.Lesna mu zemja
Од: JCF
Датум: 16.11.2010 16:05:25
Golem covek Slava mu!
Од: Pocit
Датум: 16.11.2010 21:46:23
Energicen covek,dobar pomagatel na site i zabaven covek.Pocivaj vo mir,letaj so angelite.

Најди! во Утрински
Насловна
Импотентна дипломатија
Тиквешански
Добриот глас се слуша и во Холандија
Се вадат сите резерви пари за да се плати струјата
Идентитетот на „војводата“
Најдобро изгледам по секс
Сомнителни попови кај г.г. Стефан
Во Белизе запленети два тона кокаин
Кабелските зборуваат на сите јазици, освен на македонски
Македонскиот ќор-сокак
ВМРО-ДПМНЕ е три години потстанар во музејот на Теодосиевски
Младите фудбалери го победија Мали
Од Брза помош ќе советуваат по телефон?
Карикатура
Колерата и натаму коси на Хаити
Стил
Папата Бенедикт ќе оди на гости во Хрватска
Скопје го стресе послаб земјотрес
Албанските гастарбајтери ја затворија славината
Царината се поднови пред Нова година
Македонскиот јазик се врати во ОН
 


Croatia drums up public support for EU bid
Riot police keep Bulgarian town on Unesco heritage list
Grassroots project boosts Roma rights in Hungary