(17.11.2010г.-09:39ч.) Полицијата на централноамериканската држава Белизе соопшти дека запленила два тона кокаин и уапсила петмина полицајци под сомнеж за поврзаност со шверц на дрога. Дрогата во земјата биле пренесена со мал авион кој слетал на еден автопат во јужниот дел на Белизе. Уапсените полицајци се товарат дека го блокирале сообраќајот на автопатот за да му овозможат на авионот од типот „Бичкрафт“ безбедно да слета. Покрај во авионот, дел од кокаинот бил откриен е во едно село во близина на местото на кое слетало леталото. Во полициското соопштение не се посочува од каде полетал авионот со кокаинот, како ни земјата на потеклото на дрогата. (МИА)