Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Од септември, нов правилник за тутунските производи

Министерството за здравство подготвува нов правилникот за употреба на тутунски производи, со што на секоја кутија цигари, покрај назнаките за штетноста од пушењето, задолжителна ќе биде и обврската да се отпечатат и предупредувачки фотографии (пиктограми) на кои ќе се гледаат штетните последици по здравјето од употребата на цигари и на други производи од тутун.

„Станува збор за превентивна мерка, бидејќи е докажано дека е многу поефикасно предупредувањето што вклучува фотографија од телесните промени и болести, кои настануваат како последица на пушењето“, рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство, Бујар Османи, додавајќи дека производството на сликовити кутии веќе се користи и дава резултати во повеќе европски земји, меѓу кои Велика Британија, Романија, Белгија, скандинавските земји и други...

Правилникот ќе почне да се применува од 1 септември годинава. Одлуката е во согласност со препораките на СЗО, ЕУ и е дел од Рамковната конвенција за контрола на тутунот, каде што Македонија е потписник. Цел е да се намали употребата на тутунот и на тутунски производи и да се заштити здравјето на населението.

Во Македонија годишно се трошат 60 милиони евра за лекување болести, кои се последица од пушењето. Според статистичките податоци, зголемена е преваленцата на пушачи на цигари (млади на возраст од 13 до 15 години), од 8,2 отсто во 2002 година, на 11,8 проценти во 2008 година.

„Најисплатлива инвестиција во здравството е инвестицијата во превентивата. Токму во таа насока е и денешната промоција на пиктограмите (фотографиите) со предупредувачка содржина, преку која ги запознаваме граѓаните со реалната опасност од активното, но и од пасивното пушење“, рече Османи.

 


#
Статијата е прочитана 387 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Заврши пријавувањето за побарувањата од „Сведмилк“
Сто илјади невработени чекаат на работа над осум години
Туркменистан подготвен да обезбеди гас за „Набуко“
ОПЕК лани заработил повеќе од илјада милијарди долари
Ставрески
„Икеја” ќе се шири на Балканот
Катар дава седум млрд. евра за „Порше“