Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Сто илјади невработени чекаат на работа над осум години

Околу 40 проценти oд регистрираните 350.000 невработени, чекаат вработување подолго од 5 години

Маја Томиќ

Во земјава, каде што 349.063 лица се регистрирани како невработени, над 30 отсто од нив чекаат на работа повеќе од осум години. Поточно, според последните податоци од Агенцијата за вработување од крајот на мај, од вкупно невработените, дури 104.132 лица чекаат работа осум години, дури и повеќе. Околу 50.000 невработени, пак, на вработување чекаат меѓу пет и седум години, што значи дека приближно половина од вкупно невработените во државава најмалку пет години се надеваат дека ќе најдат работа. Покрај високата стапка на невработеност, која официјално изнесува 33 отсто и по која сме на врвот на невработеноста во Европа, загрижувачки се и податоците дека над 50 проценти од невработените се млади лица на возраст до 24 години, а дури 65 отсто се со основно или со никакво образование.

Невработеноста со години наназад беше, и останува, првостепен проблем во државава, со кој ниту една влада досега не успеа да се справи, пред се', да донесе странски инвестиции или да ги подобри условите за работа на домашните компании, со што ќе се зголеми вработеноста, односно ќе се ублажи стапката на невработеност.

Изминативе години, а и сега, како најсуштински мерки преземени од државата за ублажување на проблемот со невработеноста, е донесената Национална стратегија за вработување, и во нејзини рамки, Националниот акционен план за вработување. Но, она што е ставено на хартија засега малку се реализира во практика. Тоа го покажуваат официјалните бројки.

Од почетокот на годинава до крајот на мај бројот на лицата кои немаат работа постојано се движи околу нивото од 350.000. Или, на крајот на јануари, според АВРМ, имало 348.369 невработени, додека во мај немале работа 349.063 лица. Сразмерно на лошата состојба во сферата на невработеноста, слична е состојбата и со вработеноста. Односно, стапката на вработеност, иако има тенденција на пораст, изнесува околу 38 проценти, што е далеку под просекот во земјите на ЕУ, кој е позициониран на околу 70 отсто. Поточно, според Државниот завод за статистика, на крајот на мај стапката на невработени изнесувала 32,7 отсто и таа е за 6 отсто пониска од истиот период лани, додека вработеноста зафаќала 37,8 отсто и таа е за 2,9 проценти поголема од шесте месеци лани. Иако официјалните податоци покажуваат дека невработеноста се намалува, сепак, практично ситуацијата е поинаква. Како што е познато, годинава кризата остави без работа околу 20.000 лица, најмногу во металскиот и во текстилниот сектор. Од текстилните компании најавуваат дека наесен ќе има нов бран отпуштања, односно затворање на уште фирми, поради драстичното намалување на нарачките од партнерите од странство.

Експертите подолго време укажуваат дека невработеноста е покомплексен проблем, бидејќи лицата кои немаат работа во најчест случај се и сиромашни. Поради тоа што не учествуваат на пазарот на трудот тие и не можат да ги подобрат своите услови за живот, како и да придонесат за економскиот развој.

 


#
Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za zlocudniot krug
Датум: 13.07.2009 03:02:29
Se dodeka Bukefalcite (najdolnite i najprostite sloevi na glasaci na VMRO) glasaat za crkvi, spomenici na Bukefal, sadenje drvca, kupoli na Sobranieto problemot so nevrabotenosta nema da se resi. Ovaa vlada na VMRO uspea da go zgolemi deficitot, da ja bankrotira drzavnata kasa, da ne odaleci od Evropa i NATO, da go unisti identitetot na Makedoncite (da gi Bukefalizira) pogadno od ova zdravje. Smesno mi e koga nekoi majmuni mi objasnuvaat deka Vladata e mnogu dobra zatoa sto pravi spomenici, goni pijani deca po parkot, voveduva veronauka i sl. Treba da se znae kon sto treba da se teznee.
Од: ajvanho
Датум: 13.07.2009 03:34:14
100.000 nevraboteni cekale rabota 8 godini?!Pa ne sum im jas kriv koga nemaat partiski kniski!Ccccc...Ta ovie lugje ne ziveat vo realnosta.Aj dodeka bese ednoumieto (kaj tn komunjari) se znaese, ama sega vo mnoguumieto (kako li ovie se nareceni)?..... Pak trebalo kniska.Siroti lugje loso ja "prostudirale" transformacijata od "ednoumie" vo "mnoguumie".A jas ni so kniska togas, ni so kniska sega......
Од: janev
Датум: 13.07.2009 14:44:53
Site tie se zrtvi direktni ili indirektni na tranzicijata. Koga ke imavme funkcionalna ekonomija nemase pred samata kriza da broime 30% a moze i poveke nevrabotenost

Најди! во Утрински
Економија
Заврши пријавувањето за побарувањата од „Сведмилк“
Туркменистан подготвен да обезбеди гас за „Набуко“
ОПЕК лани заработил повеќе од илјада милијарди долари
Од септември, нов правилник за тутунските производи
Ставрески
„Икеја” ќе се шири на Балканот
Катар дава седум млрд. евра за „Порше“