Шведскиот гигант за мебел „Икеја“, паралелно со мерките за штедење на други места, ги разгледува можностите за инвестиции од повеќе милијарди шведски круни во нови стоковни куќи на Балканот, пишува шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.
Според Пер Кауфман, шеф на одделението на „Икеја“ во Русија и во Источна Европа, планираната експанзија во Словенија, Хрватска и во Србија зависи од економскиот развој во балканските земји.
„Се' уште сме позитивно настроени да инвестираме. И покрај тоа што економската криза ја погодува ’Икеја‘, сепак, сакаме да продолжиме со инвестиции“, рече Кауфман.
„Икеја“ планира да отвори шест стоковни куќи на Балканот, при што како можност се спомнува и инвестиција на шведскиот гигант за мебел во Албанија.
„Една нова стоковна куќа просечно не' чини меѓу 250 и 300 милиони евра. Поради балканските војни во 90-тите години од минатиот век беше тешко порано да отвориме стоковни куќи во регионот“, укажува Пер Кауфман. (МИА)
Od mene licno i kako moja ideja ,bi bilo dobro i da se otvori i vi nasta zemja RM i toa vo glavniot grad -metropola Skopje, a zatoa treba da pocne vladata pa i drugi organizaciji za postignuvanje na ova cel.Kade bi se otvrile i golem broj na rabotni mesta.Ovdeka vo Australija e prisutna ovaa kompanija i funkcionira mnogu dobro ,pa e i edna od naj eftinite i so dobar prikazna kvalitet vo prosek i e dostapna do site potrosuvaca ,dodeka kaj nas vo RM jas mislam bi bilo uste po evtina poradi golemite transportni trosoci.POZZ- ORCE MAKEDONSKI KOJ DAVA CELOSNA PODRSKA ZA OTVARANJE NA OVAA KOMPANIJA IKEA KOJA E DOSTA PROCUENA VO MNOGU RABOTI.
Од: Mile
Датум: 13.07.2009 10:29:03
Da nema problem vie od skopje,samo kaj vas neka se otvara se i sesto,a ostanatiot del od makedonija neka tone se povece,pa i nema problem i onaka ubavite rabntni mesta vi gi zemame nie provincijalcite,a vie ce si ostanite samo 'stari skopjani' koi se opivate za eftina provincijalska rakia