Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Катар дава седум млрд. евра за „Порше“

Катар понуди седум милијарди евра (9,8 милијарди долари) за дел во сопственоста на „Порше“, што ќе и' овозможи на германската компанија за луксузни автомобили значително да ги намали своите долгови, соопштија светските агенции.

Понудата е дадена од име на државниот инвестициски фонд на Катар до „Порше холдинг“, кој поседува мнозински дел во „Фолксваген“, посочува банкарски извор, цитиран од германските медиуми.

„Порше“ натрупа долгови од 9 милијарди евра поради купувањето акции и опции за акции минатата година на тендерот за придобивање на најголемиот автомобилски производител во Европа - „Фолксваген“. Тој се здоби со поголем дел од деловите на компанијата, но не и со контрола врз неа.

Катар, кој со седмици преговара со „Порше“, ќе добие повеќе од 25 проценти од деловите на холдингот и опции за акции на „Фолксваген“, кои досега беа во сопственост на „Порше“, пишува „Шпигел“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 735 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Заврши пријавувањето за побарувањата од „Сведмилк“
Сто илјади невработени чекаат на работа над осум години
Туркменистан подготвен да обезбеди гас за „Набуко“
ОПЕК лани заработил повеќе од илјада милијарди долари
Од септември, нов правилник за тутунските производи
Ставрески
„Икеја” ќе се шири на Балканот