ОПЕК лани заработил повеќе од илјада милијарди долари
Белград - Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) лани ги зголеми приходите од извоз на нафта и земен гас за 35 проценти во однос на 2007 година, на повеќе од илјада милијарди долари, благодарение на рекордниот раст на цената на нафтата, која минатиот месец достигна околу 150 долари за барел. Картелот соопшти дека само од продажба на нафта, која претставува негов основен изворен артикал, во 2008 година остварил 1.007 милијарди долари, што е значителен раст во однос на 746 милијарди долари во 2007 година.
Најголемиот извозник на нафта во светот - Саудиска Арабија лани заработила 283 милијарди долари од извоз на нафта.
Членките на ОПЕК во 2008 година забележаа раст на суровинските резерви. Резервите на нафта лани пораснале за 7,9 отсто на 1.027 милијарди барели од 952 милијарди барели во 2007 година, додека во 2006 резервите на нафта биле 940 милијарди барели. Тие резерви придонесоа за ново вреднување на нафтените резерви во Венецуела, која објави дека нивните докажани резерви лани пораснале на 172 милијарди барели, од 99 милијарди барели во 2007 година. (Танјуг)
|