Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Еврото скапо ги чини Европејците

Чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој долго не го крие својот скептицизам кон проектот за единствената европска валута смета дека еврозоната и еврото ќе ги преживеат тековните проблеми, но, според него, европските земји тоа ќе ги чини забавување на економскиот раст и пораст на финансиските трансфери што ќе треба да им се испраќаат како помош на земјите со проблеми во економијата. „Еврото ќе продолжи да постои, но за исклучително висока цена што ќе ја платат граѓаните на земјите на еврозоната, а посредно и некои други Европејци, вклучувајќи ги и оние што дома не плаќаат во евра. Цената ќе биде долгорочниот застој на економскиот раст што ќе се евидентира со економски загуби во нашиот потенцијал и во развојот на другите земји во светот“, пишува Клаус во најновото издание на чешкиот неделник „Економ“.

Според Клаус, единствена причина за непропаѓање на еврозоната како институција е во тоа што во проектот на еврото е инвестирано премногу политички капитал. Чешкиот претседател смета дека единствената валута не им го донесе на нејзините поборници очекуваниот ефект и нејзиното одржување сега и за нив станува поскапо. (МИА)


#
Статијата е прочитана 804 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ставрески на пролетните средби на ММФ и СБ
Уште најмалку пет години нема подобар живот за Македонците
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Македонија исплива од кризата, но останува непривлечна за инвестирање
За сиромашните од септември по 10 евра за струјата
Граѓаните сакаат да купуваат од фотелја
Откази за половина милион британски службеници?
Поштарите добија повисоки плати
Можно е земјата да почне да доцни и со ратите за обврзниците?
Грчките дупки уште подлабоки