Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

За сиромашните од септември по 10 евра за струјата

Социјалците чекаат на овие државни субвенции уште од 2006 година

Маја Томиќ

Најдоцна до септември годинава социјалните случаи ќе добиваат од државата по десет евра, со кои ќе треба да ги покријат, секако, делумно, трошоците за струја. Поточно, од сметката за потрошена струја што ќе ја добијат државата ќе им субвенционира по десет евра во денарска противвредност. Ова го соопшти вчера вицепремиерот Владимир Пешевски, посочувајќи дека со тоа, всушност, ќе почне реализацијата на владиниот Проект за енергетска сиромаштија, со кој ќе бидат опфатени дел од 58 илјади регистрирани социјални семејства.

Според него, можно е Проектот да се прошири во иднина и да не биде опфатено само субвенционирањето на струјата, како што е во државите во регионот, туку тоа да важи за повеќе енергенси, како што се нафтата и огревното дрво. „Сакаме Проектот да се прошири, бидејќи греењето на електрична енергија предизвикува проблеми во системот. Поради проширувањето на листата на ергенси би можело да има и одложување на роковите. Доколку се види дека е значајно, ќе се сконцентрираме само на еден или на два енергенса, а потоа и на останатите“, изјави вчера Пешевски во Министерството за економија.

Според министерот за економија Фатмир Бесими, воведувањето на Проектот за енергетска сиромаштија е во насока на либерализацијата на енергетскиот сектор. Тој додаде дека во иднина цените на енергијата треба да базираат на пазарен принцип, што ќе обезбеди повеќе инвестиции во системот. Единствено преку пазарната цена на струјата, според Бесими, и профитите што ќе се остваруваат од нејзината продажба можна е реализација на поголеми инвестициски проекти.

Тоа, со други зборови, би значело дека во иднина граѓаните треба да очекуваат зголемување на цената на струјата.

Инаку, уште лани во септември премиерот Никола Груевски и министерот Бесими на прес-конференција ги презентираа активностите околу воведувањето на социјалните мерки за сиромашните граѓани. Груевски тогаш ги постави и деталите од Акцискиот план за намалување на енергетската сиромаштија, со кој државата за сиромашните секој месец ќе обезбедува директна финансиска поддршка за трошоците за енергија. Бесими, пак, посоч�� дека Проектот треба да стартува во јуни годинава и рече дека овој социјален пакет тежи меѓу 250 и 450 милиони денари на годишно ниво, или од четири до седум милиони евра.

На субвенции од државата за потрошена струја социјалците чекаат уште од времето на претходната влада на СДСМ, која оваа клаузула ја вгради во првата верзија на Законот за енергетика при крајот на 2005 година. Оттогаш досега струјата претрпе неколку нагорни корекции, а Владата, конечно, лани првпат покажа поконкретна решеност за овие бенефиции. Уште на почетокот на 2006 година Министерството за економија заедно со Министерството за труд и социјална политика и со техничка помош од ЕБОР работеа на заеднички проект за енергетска сиромаштија, а требаше да се распише и меѓународен тендер за избор на консултантска куќа за подготовка на пакетите. Работите се закочија со изборите во јуни 2006 година. И „ЕВН Македонија“ повеќепати бараше од Владата таа да го преземе плаќањето на сметките за струја на социјалците, бидејќи компанијата има големи проблеми со наплатата на струја од сиромашните. На вчерашниот брифинг Бесими ја промовира и донесената Енергетска стратегија до 2030 година, според која, во наредните 20 години треба да се изградат десетина нови проекти, со што ќе се постигне поголема енергетска ефикасност и за што ќе бидат потребни четири-пет милијарди евра. Предвидени се ревитализација и модернизација на енергетската мрежа, поголема грижа за енергетската ефикасност преку обновливите извори за енергија и слично. Бесими укажа дека изградбата на дел од идните хидроцентрали, од стратегиски причини, ќе му се додели на државната ЕЛЕМ, додека другите проекти би се граделе преку јавно-приватно партнерство или со распишување тендери. Тој информира дека со изградба на нуклеарка, што би имала можност од 1.000 мегавати, би се почнало во 2026 година, но оти се' уште не е донесена конечна одлука за почнување на тој проект. Според Стратегијата, до 2020 година порастот на потребите за енергијата се предвидува да биде со просечна годишна стапка од 2,64 проценти.


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар

Од: stipjance
Датум: 23.04.2010 00:25:00
Sekoja cest za vakviot poteg, so ova na mnogu smejstva ki im se olesni i taka maliot smeen budjet, iako toa ne e dovolno sepak rabotite se dvizat vo pravilna nasoka i konecno nekoj misli i na socijalnite grupi.
Од: Jorgo
Датум: 23.04.2010 03:19:57
me interesira od kaj ovie pari???? sto ke pravime od makedonija sinegal? 10% od narodot ke rabotat makotrpno za 90% od naselenieto??? Zasto ne otvorite rabotni mesta?? ili im dadete poveke povolnosti na biznismenite da gi rasirat svojte biznisi i da vrabotat ludje?? ili vasiot model e da si kopame pogolema dupka vo ovaa losa ekonomija?
Од: mimi
Датум: 23.04.2010 09:33:59
Pa kako da gi vrabotat lugeto koga so kaznite na nasata vlada nogu firmi otidoa vo stecaj a vo Makedonija koi se bogati vladata ministrite i nivnite rodnini i prijateli drugo se e socijalni slucaj so plata od 100 do 200 evra se gleda toa na delo po strajkovite sto gi ima sekoj den
Од: Zoki
Датум: 23.04.2010 09:38:18
Избори се ближат... Избори се ближат...
Од: јас
Датум: 23.04.2010 11:02:14
Прво те отепуваат од ќотек , после се фалат дека ти даваат бесплатни завои !!!

Најди! во Утрински
Економија
Ставрески на пролетните средби на ММФ и СБ
Уште најмалку пет години нема подобар живот за Македонците
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Македонија исплива од кризата, но останува непривлечна за инвестирање
Граѓаните сакаат да купуваат од фотелја
Еврото скапо ги чини Европејците
Откази за половина милион британски службеници?
Поштарите добија повисоки плати
Можно е земјата да почне да доцни и со ратите за обврзниците?
Грчките дупки уште подлабоки