Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Откази за половина милион британски службеници?

Лондон - Десет отсто од вработените во британскиот јавен сектор, што е над половина милион луѓе, ќе мора да бидат отпуштени од работа во периодот по парламентарните избори, за да се намали огромниот внатрешен долг и премногу раширената јавна потрошувачка, предвидува лондонскиот Институт за вработеност и развој.

Во Велика Британија повеќе од 5,8 милиони луѓе се вработени и ангажирани во државните служби, што се оценува како тежок товар за домашниот буџет. Анализите на Институтот откриваат дека која било партија и да победи на изборите и без разлика кој ќе ја формира идната влада, мора бргу да се зафати со намалување на државната администрација, на преголемата вработеност во јавниот сектор и на кратењето на средствата што се издвојуваат за околу шест милиони вработени.

Единствен начин за одложување на оваа мерка е забрзаното заздравување на британското стопанство, како и обновување на годишниот раст на вкупната домашна економија, што економските експерти не го очекуваат во 2010 година.

Невработеноста во земјата повторно бележи зголемување, па сега 2,5 милиони луѓе немаат работа, што е највисоката бројка во последните 16 години. На почетокот од годинава е зголемена и инфлацијата повеќе отколку што се очекуваше, до 3,4 отсто, наспроти инфлацијата од три отсто во април, додека внатрешниот долг изнесува 163,4 милијарди фунти, или 11,6 отсто од националниот бруто-производ на земјата. Тоа е помалку од претходните најави дека долгот ќе биде над 170 милијарди, но останува и понатаму рекордно висок.

Експертите од овој британски Институт забележуваат дека високиот долг на земјата не е тема на предизборната кампања и оти трите главни политички партии бегаат од она што „неминовно ќе мора да го прават“ за да се намали јавниот долг. Само конзервативната партија се залага намалувањето на долгот да почне уште од оваа година, додека лабуристите, што се обвинуваат дека ја создале оваа ситуација, и либералдемократите сметаат дека со кратење треба да се почека до следната година. (МИА)


#
Статијата е прочитана 623 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ставрески на пролетните средби на ММФ и СБ
Уште најмалку пет години нема подобар живот за Македонците
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Македонија исплива од кризата, но останува непривлечна за инвестирање
За сиромашните од септември по 10 евра за струјата
Граѓаните сакаат да купуваат од фотелја
Еврото скапо ги чини Европејците
Поштарите добија повисоки плати
Можно е земјата да почне да доцни и со ратите за обврзниците?
Грчките дупки уште подлабоки