Македонија исплива од кризата, но останува непривлечна за инвестирање
Македонија има подобри резултати во кризната 2009 година од земјите во регионот, но се' уште постојат големи проблеми што треба да се решат, се порачува во петтата анкета за деловното опкружување во Македонија што ја спроведе Унијата на германски комори за индустрија и трговија во соработка со Македонско-германското стопанско здружение. Според неа, со земјава се' уште царуваат неефикасноста на јавната администрација, правната несигурност, корупцијата и криминалот.
„Во Македонија, за разлика од останатите земји во регионот, состојбата е оценета како добра и позитивна и покрај економската криза. Нашите членови претежно се задоволни од економската состојба во земјава. Македонија има подобри резултати од земјите во регионот, но се' уште постојат големи проблеми за кои се надеваме дека ќе бидат решени“, рече претседателот на Македонско-германското здружение, Николај Бејкерс, за време на претставување на резултатите од анкетата.
Тој нагласи дека заеднички интерес на сите е во Македонија да дојдат странски и германски инвеститори. „За постојните и за новите инвеститори многу е важно какви сигнали испраќа Владата и земјата во странство и како земјата се презентира надвор. Владата многу прави за подобрување на тоа поле, но има уште да се сработи, бидејќи процесот на транзиција е долг и макотрпен“, рече Бејкерс.
Во анкетата се опфатени 39 од вкупно 132 члена на Македонско-германското стопанско здружение од кои 39 отсто се од трговијата, 28 отсто од услужниот сектор, 11 отсто од производството, 19 отсто од градежништвото и 3 отсто од енергетиката.
За 2010 година, 47 отсто очекуваат да им се подобрат приходите, а само кај 15 отсто да се намалат. Инвестициите во 2009 година им се зголемиле на 33 отсто, кај 38 отсто се на исто ниво со 2008 година, а кај 29 отсто се намалиле. Во 2010 година, 26 отсто од фирмите очекуваат поголеми инвестиции, додека 62 отсто да останат на исто ниво, покрај тоа 42 отсто очекуваат да се зголеми бројот на нивните вработени, а 15 отсто да се намали. (Ек.Р)
И овој виц,мора да го знае нашата ни пропагандна влада.За младиот доктор кој се фалел,дека операцијата му е успешна а пациентот е мртов.
Од: jovan
Датум: 23.04.2010 01:07:37
Makedonija ne e isplivana od kriza, nitu pa nesto se pravi za da ispliva. Ako nekoj mesec pokaze podobri performansi od predhodniot, nekoj saka da go prikaze kako izleguvanje od recesija i kriza. Toa e samo eftin marketinski trik i nisto poveke. Site ekonomski pokazateli vo drzavava pokazuvaat deka stopanstvoto, naselenieto, pa i samata drzava se vo dlaboka kriza,od koja ne se izleguva so statisticki pokazateli i brojki, tuku so realni ostvaruvanja. Nezaposlenosta e strasna, standardot e prenizok, stopanstvoto e nekonkurentno duri i na domasniot pazar, zadolzenost, se opstojuva od rasprodazbi("stranski investicii") na imot, cekanje doznaki od iselenicite, stranski krediti i donacii. Seto ova ne e nikakov pokazatel deka se "vadime" od krizata, naprotiv poveke zaglavuvame. Potrebna e totalna pre-reorganizacija i treznenje, a i rascistuvanje so nekoj vnatresni neprijateli koj rabotat isklucivo za svoj interes na steta na drzavata i opstestvoto.
Од: Kimov
Датум: 23.04.2010 04:29:11
Strani investicii vo Makedonija ke ima i toa mnogu samo treba vreme da pomini od krizata. Toa sto e nase ke si dojdi samo po sebe, samo vreme treba.
Од: don kihot
Датум: 23.04.2010 08:46:50
Javnata administracija, korupcija i .........Dobro veli covekot, no administracijata gospodine kaj nas sluzi kako glasacka masinerija, nam kvalitetot ne ni e vazen, vazno e kaj ke se zaokruzi glasackoto lifce.Ovoj problem dodeka ne se iskoreni vo MK i ne se ocisti "administrativniot smet " za stransi investicii i natamu samo ke sonuvame, i bezuspesno ke se reklamirame.
Од: Boban
Датум: 23.04.2010 09:21:43
hahaha,e Kimov ,Kimov ,sto bi sakal nekolku dena da ja imam tvojata pamet ....da se odmoram onaka ljudski!hahaha
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.04.2010 10:03:26
Ај што неја зборуваат вистината поморанџестиве туку и овие Германциве го прават истово.Мора да се членови на поморанџестиве задгранични комитети.Што знаат тие како ние во државата, треба да слезат помеѓу виножитниве паталци,тука треба да се информираат.
Од: sirma vojvoda
Датум: 23.04.2010 10:53:34
hehehehehehehehehe kakov komentar na Kimov hahahhahha ova e vrvot negov hahahahahhahah
Од: јас
Датум: 23.04.2010 11:00:11
Kimov е пак во акција!!! Освежен , беше на одмор десетина дена и продолжува со својата ударничка акција!!Другар ти Среќко навреме свати па последниве 2-3 недели не е толку „ударнички “ расположен да ги брани портокаливе ..Кога и ти ќе го сватиш тоа ?!
Од: nekoj
Датум: 23.04.2010 11:25:49
Se soglasuvam so Jovan...Ne go napagajte Kimov, toa si e negovo viduvanje, sepak site sme razlicni.. Tuku sto ke napravite vie "popametnite" za da se smeni situacijata vo drzavava? Cinam od kako znam vo makedonija sekoj so sekogo "si go meri", koj e "po pameten" od drugiot, vrie od "eksperti", "akademci" i sto znam ne, ama rabotava vi e dupka. Za sreka ne zavisam od taa vlada i drzva, no sakam da se sredi. Barajte treta opcija, dosta so brankovci, gruevci..I pred se, sekoja edna edinka pridonesuva za uspesnosta na drzavata, no nekoj treba da gi poduci. Treta opcija, no koja? :-? :-/
Од: Nem
Датум: 23.04.2010 12:21:17
Ova ti e isto kako so poplavite - "Vodata na Varadar är pod controla -A od drugata strana eden graganin pokazuva so prstot kon svojata kuka koja e veke vo voda"-Koja e taa nova generacija politicari koi se setaat niz poplavenite domovi i go ubeduvaat narodot-"Se nadevame deka ke bide podobro vremeto pa da se prevzemata pokonkretni merki"-Vie svojot soopstven narod go mamite bi ve prasal ako vasite domovi ili nekoj od pobliskite vasi bese vo slicna situacija kako togas ke reagiravte. Covek stanuva nem posle ovie raboti ova ne prv pat da se slcilo istoto!!!!????