Можно е земјата да почне да доцни и со ратите за обврзниците?
Лондон - Грција е можно да ги запре или да доцни со плаќањата за обврските кон обврзниците на инвеститорите, без разлика што преговара со ММФ и со Европската комисија. Оваа оцена ја даде Ерик Нилсен, главен економист за Европа на американската инвестициска банка Голдман Сакс. Во извештај на банката се вели дека е можно во идните недели грчката Влада да пристапи кон реструктуирање на државниот долг. Според Нилсен, Грција има потреба од реструктуирање на долгот за да ги заврши неопходните реформи. (МИА) |